за

Десет автомобили се продадоа за 10 секунди на германски топ-шоп

Десет автомобили се продадоа за 10 секунди на германски топ-шоп
Десет автомобили се продадоа за 10 секунди на германски топ-шоп

Продажба на автомобили во супермаркети речиси е вообичаена појава. Автомобилите во меѓувреме почнаа да се продаваат и на каналите за телешопинг. На еден германски канал, десет автомобили Ford Focus во вкупна вредност од преку 300.000 евра се продадоа за десетина секунди.

На каналот за телешопинг 123tv обично се продаваат козметика, уреди за домаќинство, колекционерски предмети или часовници, најчесто од производители што се сосем непознати. ТВ-каналот сега продава и нови автомобили. Првите 10 примероци од Ford Focus, со атрактивно ниво на опрема ST-Line и со бензинец од 125 КС, според информациите од каналот 123tv се продадоа за десет секунди.

Автомобилот ги чинеше купувачите 24.900 евра. Но, заедно со автомобилот следуваа уште регистерска ознака по желба, гратис транспорт и багажник полн со подароци, сето тоа во чест на 15-годишнината на каналот. Зделката беше 7.500 евра под реалната цена на автомобилот.

Ford Focus со ниво на опрема ST-Line можеби не е вистинскиот автомобил да се продава на телешопинг и изборот беше направен во знак на одбележување на јубилејот на тв-каналот, но овој потег докажа дека идејата за ваков начин на продажба на автомобили е зрела за реализација

Ова е првпат да се наддава за автомобил на телевизија во живо. Некои производители се на големи маки да најдат „пазар“ за своите автомобили. Fiat, на пример, мора да ги користи сите канали за да најде купувачи за својот ретро-модел „500“, на когошто веќе му се познаваат годините. Италијанскиот автомобил од неодамна може да се обезбеди преку лизинг и со огромен попуст – кај познатите супермаркети Lidl или Tchibo.

⇒ Актуелната порака на страницата за лизинг кај Lidl: „Сите Fiat 500 веќе се дадени под лизинг“

https://photos.app.goo.gl/kE76YosoP9LiZ2fBA

Продажбата на автомобили се наоѓа под силен притисок, токму во време кога производителите мораат да вложуваат милијарди во електричниот погон и во автономното возење. Со продажбата преку интернет се избегнуваат дилерските маржи и тоа е добра можност за заштеда. Tesla веќе со години ја организира продажбата и целата пратечка комуникација со клиентите единствено онлајн. Но, не може да се штеди во сервисната мрежа. Покрај тоа, голем број од потенцијалните купувачи сакаат да го испробаат возилото пред да решат околу купувањето.

https://www.facebook.com/123tv/videos/454259345297799/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Webasto производство батерии

Webasto почнува со производство на батерии за електрични возила

шварценегер електричен автомобил грета

Шварценегер обезбеди Tesla за турнејата на Грета низ САД