Шварценегер обезбеди Tesla за турнејата на Грета низ САД

шварценегер електричен автомобил грета
шварценегер електричен автомобил грета

Грета Тунберг доби на располагање електричен автомобил Tesla, за таа да може да присуствува на протестите во САД за заштита на климата, патувајќи со возило што не испушта штетни материи. Овој чин доби голем публицитет бидејќи е заслуга на Арнолд Шварценегер.

Поранешниот калифорниски гувернер Арнолд Шварценегер ѝ обезбеди Tesla Model 3 на активистката за заштита на климата Грета Тунберг, за користење во текот на нејзиниот престој во САД. Тунберг ќе го користи возилото за да патува до местата кадешто ќе се одржуваат протести против климатските промени.

Информацијата ја објави автомобилскиот магазин „Car and Driver“, кој наведува дека холивудската ѕвезда и поранешен гувернер, за време на конференција за климата во Виена во мај ѝ понудил на младата активистка да го повика „доколку нешто ѝ затреба“. Шварценегер сега го исполнил ветувањето и обезбедил електричен автомобил, за Тунберг да патува без штетна емисија низ Соединетите Држави и Канада.

Прво се шпекулираше дека Шварценегер планирал да го отстапи својот Hummer, преработен да користи електричен погон кај специјалист во родната Австрија, но тоа ќе постигнеше сосем спротивен ефект во случајот на младата Швеѓанка. Затоа е избрана Tesla.

Претходна објаваДесет автомобили се продадоа за 10 секунди на германски топ-шоп
Следна објаваMercedes пред 10 години го додаде филџанот кафе во инструментите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here