за

Mercedes пред 10 години го додаде филџанот кафе во инструментите

mercedes филџанн кафе предупредување замор
mercedes филџанн кафе предупредување замор

Денес е светски ден на кафето, а прославува и марката Mercedes, којашто пред десет години го претстави системот за предупредување при замор, оригинално Attention Assist. Тоа е знакот што прикажува филџан кафе во инструментите, денес вообичаен систем за асистенција во голем број марки и модели.

Некој додава млеко или шеќер, виски или мраз, некој сака тоа да биде сварено, попарено или пуштено под висок притисок, а може да се послужи во најразлична форма, од малечок филџан до широка здела по ново. Сета оваа разновидност укажува на тоа колку многу се обожува кафето на оваа планета. Светски шампиони се Финците, со повеќе од 12 килограми кафе по жител, според Светската организација за кафе. Босна и Херцеговина е деветта светска сила во кафе, едно место пред неа е Грција, но таму туризмот се вмешува во математиката.

Mercedes пред десет години го претстави системот за предупредување при замор, Attention Assist. Тој ги препознава знаците на замор и упатува на починка. Во тој случај, во инструментите се појавува знак, околу чиешто значење нема двоумење – филџан кафе. Овој систем денес се вградува стандардно во сите моделски серии на Mercedes. До денес се испорачани повеќе од 14 милиони возила од штутгартската марка со предупредување при замор.

Дизајнирањето на знаците и графиката во кокпитот на Mercedes е дело на UX Design, посебно одделение на марката. Од нив потекнува и изгледот на филџанот кафе во инструментите на Mercedes; во меѓувреме, знакот се смени неколкупати

Идејата со надгледувањето на заморот кај возачот и укажувањето на потребата од починка, како и многу други системи во Mercedes, има за цел да ја подобри безбедноста во возењето. Во 2009 година, овој „асистент за внимание“ почна да се вградува стандардно во моделите од E и S-Class. ЕУ пропишува системот да биде задолжителен кај сите нови возила од сите марки по 2022 година.

Во Германија во 2018 година, заморот бил причина за 0,7 процент од сите незгоди со повредени лица и 1,2 процент од незгодите со загинати лица.

Но, како дејствува системот? Сензори го следат однесувањето на возачот и врз основа главно на движењето на воланот препознаваат кога возачот е заморен. Во тој случај се слуша звучно предупредување и светнува знак во инструментите, со порака „ATTENTION ASSIST. Pause!“ Во денешните возила, системот е активен меѓу 60 и 200 km/h.

Attention Assist следи повеќе од 70 параметри, кои се решавачки за откривање на заморот. Вештачката интелигенција по само неколку минути од седнувањето зад воланот знае како се однесува возачот – во тие моменти, сензорите го одредуваат профилот на возачот, кога не е заморен. Покрај брзината, се следат надолжното и попречното забрзување, вклучувањето на трепкачите и притискањето на педалите.

Вака функционира системот за препознавање замор кај Mercedes:

https://blog.daimler.com/2013/09/04/einfach-technik-der-attention-assist-von-mercedes-benz/

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

шварценегер електричен автомобил грета

Шварценегер обезбеди Tesla за турнејата на Грета низ САД

koenigsegg mienje detalno specijalist

Како се мие автомобил од три милиони долари и со 34 слоеви лак