за

Осум генерации на Volkswagen Golf GTI во знак на Денот на независноста

Кој автомобил го претставува бројот осум подобро од Volkswagen Golf? Компактот од Волфсбург е во својата осма генерација, исто толку „колена“ брои и спортската икона GTI. Кус, но секако интересен преглед на осумте генерации на Golf GTI, во знак на 8-ми Септември, Денот на независноста.

Осум генерации на Volkswagen Golf GTI во знак на Денот на независноста

Се погоди симболиката на осмата генерација на Volkswagen Golf, со осмиот ден во месецот што многумина посакуваат да трае многу подолго. Осум поколенија на кралот на компактите, за 8-ми Септември. Уште од првата генерација на компактот, Volkswagen редовно ја послужува и спортската изведба GTI. Многу традиција, принципи и истрајност се вградени во овој автомобил. Ова ќе звучи како реклама, но во празнични денови доликува да се зборува еуфорично: Golf е како држава, Golf GTI е како држава што напредува брзо и вешто.

За овој автомобил е пишувано многу, се знае многу и секогаш има уште многу интересни нешта да се дознаат. Некогаш е доволно да се смени формата на изразување, за познатите работи околу Volkswagen Golf GTI повторно да станат интересни за сите. Во овој кус преглед, поттикнат од бројчената врска меѓу осмата генерација на Golf и Денот на независноста, 8-ми Септември, ќе зборуваме во бројки. Поточно, во графикони што им даваат приказна на бројките што ги имаме во редакциските архиви.

Следат одговори на бројни прашања што ќе им бидат интересни на фановите на Volkswagen  и на Golf, но и општо на сите фанови на автомобилите. Ова навраќање на историјата на бескласниот автомобил од Волфсбург е воедно и историја на развојот и напредувањето на целата автомобилска бранша во петте децении наназад.

Колку коњски сили имаше Golf GTI во втората генерација, колку „седумката“ беше полесна од „шестката“, кога најмногу порасна каросеријата – сите одговори се наоѓаат во следните графикони. Нормално, осум графикони, за осум генерации на Volkswagen Golf GTI, за 8-ми Септември.

Честито да ни е празникот!

Volkswagen Golf I GTI (1976 година)

New photo by Automedia MK / Google Photos

Volkswagen Golf II GTI (1984 година)

New photo by Automedia MK / Google Photos

Volkswagen Golf III GTI (1991 година)

New photo by Automedia MK / Google Photos

Volkswagen Golf IV GTI (1997 година)

New photo by Automedia MK / Google Photos

Volkswagen Golf V GTI (2004 година)

New photo by Automedia MK / Google Photos

Volkswagen Golf VI GTI (2009 година)

New photo by Automedia MK / Google Photos

 

Volkswagen Golf VII GTI (2013 година)

New photo by Automedia MK / Google Photos

Volkswagen Golf 8 GTI (2020 година)

New photo by Automedia MK / Google Photos

 

>>> Volkswagen го нуди Golf во пет изведби со електромотор во погонот

Volkswagen Golf 8 eHybrid, GTE, eTSI

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi го претвора стакленичкиот гас CО2 во карпа

Audi го претвора стакленичкиот гас CО2 во карпа

Suzuki Jimny се врати во Европа како комерцијално возило

Suzuki Jimny се врати во Европа како комерцијално возило