за

Брзи Гонзалес меѓу суперавтомобилите: Vuhl 05RR

Vuhl 05RR

Во Мексико веќе неколку години се произведува уникатен спортски двосед, кој ужива почит меѓу познавачите. Vuhl 05RR е новата верзија, „лесна“ 660 килограми и способна за 2,7 секунди до темпо сто

Мексиканскиот производител на чистокрвни спортски автомобил Vuhl ја претстави новата верзија на својот двосед, кој сега ја носи ознаката 05RR. Браќата Икер и Гуиљермо Екеверија, сопственици на компанијата, го искористија одржувањето на Трката на Шампионите во Мексико Сити, за пред публиката да го претстават новиот модел.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Тежината е смалена за 65 килограми во споредба со „обичниот“ Vuhl 05, што значи дека двоседот сега покажува само 660 килограми на вага. Со одземањето на килограмите се постигна и уште подобра распределба на тежината меѓу предната и задната оска. Моторот доби плус 116 КС и 100 њутнметри, што значи дека тој сега располага со 385 КС и 500 њутнметри. Станува збор за 2,3-литарски EcoBoost од Ford, кој е преработен со примена на вредни искуства од мотоспортот. Полесен замавник, полесна тркачка спојка и целосно карбонски бандажи придонесоа за значително смалување на инерцијата од ротирачките делови. Спринтот на „RR“ од место до темпо сто трае 2,7 секунди.

Најсилната страна на Vuhl 05RR е тоа што може да се регистрира за сообраќај како секој автомобил

Драстична промена е тоа што моторот е вграден пониско, што резултираше со спуштање на тежиштето на автомобилот за 50 милометри. Во ваква тркачка средина се подразбира механичка блокада на диференцијалот, заедно со подвозје дотерано за тркачка патека и управување по истиот пример. По барање, Vuhl 05RR може да се испорача и со тркачки сликови, како и со подвозје што е дотерано точно за одредена тркачка патека.

Секако дека присуството на голем заден спојлер не може да се превиди, исто како што не смее да се потцени неговата делотворност. Двоседот изработен според стандарди на тркачки болид постигнува 1,8G странично забрзување.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Vuhl, како кратенка од „Vehicles of Ultra High-performance and Lightweight“ или возила со ултрависоки перформанси и лесна конструкција, достапни се во ексклузивна продажна мрежа во Европа, САД и Мексико. Завршното дотерување на Vuhl 05 беше изведено во Велика Британија, а учество во развојот имаше и Michelin. Производството стартуваше во 2014 година. Околу 40% од компонентите пристигаат од Велика Британија, додека монтажата се врши во локална фабрика во Мексико Сити.

Специјалната тркачка верзија Vuhl 05 ROC Edition е избрана да учествува на светски познатата „Трка на Шампиони“, за петгодишен период од 2017 до 2021 година.

Први детали од возилото на новата спортска марка Vuhl

Прва дама сопственичка на екстремниот едносед Bac Mono

Музичката ѕвезда Ашер го означи стартот на Гамбол 3000

Тркачка патека за помалку агресија по улиците

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

hyundai ioniq elektro, електрични автомобили

Три месеци чекање за Tesla, година за електричен Hyundai

волво 144 природа шведска

Шведска завршува со продажба на бензинци и дизели во 2030 година