за

Први детали од возилото на новата спортска марка Vuhl

Компанијата Vuhl Automotive во март го изненади светот со најавата за нова марка на суперспортски автомобили. Сега се на ред фотографиите од тестирањето на возилото.

На Фестивалот на брзината во Гудвуд, кој почнува на 11-ти јули, светот на четири тркала за прв пат ќе го види во живо автомобилот на новата суперспортска марка. Vuhl 05, како што засега гласи името на моделот, ќе поседува каросерија произведена во Канада, а завршната монтажа на возилото ќе биде доверена на фирмата Adman Leku во Мексико Сити.

71727mic

Vuhl е кратенка од Vehicles of Ultra High-performance and Lightweight, односно супербрзи и лесни возила, и идеен проект е на браќата Икер и Жулиермо Ешеверија, кои што воедно се и дизајнери на суперавтомобилот. Тие ја имаат наследено страста кон автомобилите од нивниот татко, Жулиермо Ешеверија сениор, кој повеќе од 30 години конструира тркачлки болиди и се натпреварува со нив. Проектот е подржан од неколку моќни компании и од мексиканската влада, со компоненти за возилото кои потекнуваат од Ford, Multimatic и Michelin.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Авионите на Air Berlin ќе „возат“ на струја

Тест • Skoda Octavia 1.2 TSI 105 KC Ambition