за

Тркачка патека за помалку агресија по улиците

Британците ги имаат точните бројки, кога станува збор за смирувачкиот ефект што следи по неколку брзи кругови на тркачка патека. Статистиката покажува помалку агресивност по патиштата, откако помасовно се организира „легално“ брзо возење

Кога се бара врската меѓу бесот што ќе се претвори во брзо време на тркачка патека и кроткото возење што следи потоа на пат до дома, британскиот завод за статистика има точни вредности. Споредбата на статистичките вредности од 2014 година и 2017 година, покажува дека бројот на пријави за насилничко возење се смалил од 3.065 пред четири бгодини, на 2.740 случаи лани. Тоа претставува намалување за 10 проценти.

Трендот е уште повеќе изразен кога ќе се спореди бројот на сообраќајни незгоди, кои следеле како последица од агресивно, безобѕирно или пребрзо возење. Во овој случај, бројот на незгоди се смалил од 15.586 во 2014 година, на 10.215 незгоди за ланската година. Тоа е масивно намалување за 34 проценти.

Специјализирана фирма што организира денови на тркачка патека нуди и возење тенк

Според Ден Џоунс, директор на Track Days, компанијата што организира возење на тркачка патека „еден од начините за возачите да избегаат од притисокот на секојдневното возење е да резервираат ден на тркачката патека.“ Џоунс посочува дека неговата фирма бележи зголемен број резервации во последните години, додека во исто време, државната статистика пријавува помалку незгоди, кои се резулат од агресија зад воланот.

Posted by Trackdays on Tuesday, June 19, 2018

Во Британија е сепак многу поедноставно на агресивните возачи да им се „припише“ возење по тркачка патека. Фирмата на Џоунс има пристап до 40 тркачки патеки и арени само на „островот“, вклучувајќи ги легендарните Брендс Хеч, Донингтон или Силверстоун. Изборот од превозни средства во возниот парк, меѓу другото, вклучува и неколку тенкови. Суперѕвезди како Aston Martin, McLaren, Audi R8, Nissan GTR, Ariel Atom, Caterham, тоа воопшто не се прашува. Во последните години е зголемен и бројот на резервации за возење со сопствениот автомобил.

Асоцијацијата со домашните состојби наведува на заклучокот, дека по толку многу налеан бетон и асфалт, Македонија уште нема тркачка патека. Тоа значи дека кај нас се вози агресивно?

BMW M2 Competition би ја претркал и сопствената сенка

Ferrari 488 Pista во верзија само за тркачите за Маранело

Тркачкиот фестивал на Aston Martin се враќа на Леман

Brabham BT62 е новиот болид за приватни забави по тркачките патеки

Во овој клуб на Менхетен сите сакаат да членуваат

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi, монтажа алжир

Audi станува домашна марка автомобили во Алжир

Skoda Scala

Уште една радост за Skoda и главоболка за конкурентите: Scala!