за

Уште една радост за Skoda и главоболка за конкурентите: Scala!

Skoda Scala

Новиот Golf наскоро ќе вози на струја и ќе се одѕива на ID, а „стариот“ нов Golf веќе пристига од Skoda. Чесите ја претставија Skoda Scala како најкомплетен модел во компакт класата

На голема свеченост, во Тел Авив, Израел, вечерва доживеа светска премиера Skoda Scala. Комбилимузината на местото на Rapid и Rapid Spaceback асоцира на искачување, напредок, достигнување на врвот, со моделското име Scala, коешто доаѓа од латинскиот јазик.

Во овие моменти уште е голема возбудата од премиерата, така што многуте детали и важни информации околу Skoda Scala ќе следат потоа. Но, сигурно е дека за овој чешки модел ќе се зборува уште многу. Веројатно исто колку при премиерата на Octavia.

Skoda Scala 3am#

Директорот Бернхард Мајер: „Со новата Skoda Scala отвораме ново поглавје во компакт класата на Skoda. Тоа е комплетно новоразвиен модел, кој поставува стандарди во поглед на технологијата, безбедноста и дизајнот во својата класа. Тоа го порачува и новото име. Во исто време, Skoda Scala привлекува со паметниот ‘андерстејтмент’ кој е вообичаен за марката Skoda. Поради тоа, убедени сме дека Skoda Scala ќе ги препороди компаклтните автомобили за Skoda.

Skoda Scala 2am#

Skoda Scala едноставно изгледа привлечно и без купени награди за најдобар дизајн – што досега не било практика кај Чесите

Новиот модел доаѓа со дизајн за когошто не треба да се преплаќаат награди за светот да се убедува дека автомобилов изгвледа привлечно. Првпат модел на Чесите го прикажува името на марката со посебни букви под задното стакло, место на вообичаениот начин, со лого. Тоа е во духот на старите времиња и Skoda рано се приклучува на трендот, пред истиот да стане невкусен.

Skoda Scala 1am#

Комплетно е сменета и шемата на кокпитот, со средишен дисплеј што поставен високо, за лесно ракување, но и задржување на погледот врз патот. Со доплата следи и виртуелен кокпит, со дијагонала од 10,25 инчи. Во класичната дисциплина на Skoda, во багажникот, Scala повторно победува: 467 литри.

Три бензинци и еден дизел ја сочинуваат понудата од мотори: 1,0 TSI во верзии со 95 и 115 КС, 1.5 TSI со 150 КС и 1.6 TDI со 110 КС. Во текот на следната година пристига и 1.0 G-Tec, со погон на метан и 90 КС.

Skoda Scala 4am#

Понудата е комплетна и во системите за асистенција, кои вклучуваат радарски темпомат, автоматско паркирање и самостојно запирање при опасност од судир. Вградената картичка eSIM овозможува возилото постојано да е онлајн, со LTE врска. Новитет меѓу „изумите“ од подрачјето на практичноста, како уште една омилена категорија на Skoda, е електричното отворање на задната врата со сензорско активирање.

Следат уште многу детали околу новитетот од Skoda.

Значка RS и дизел со 240 КС за Skoda Kodiaq

Skoda Scala брои уште една седмица до премиерата

Четири пумпи имаме, фали уште Skoda Citigo на метан

Skoda Fabia во моделска изведба меѓу комби и СУВ

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тркачка патека за помалку агресија по улиците

полиција базел Tesla Model X

Tesla вози во служба на швајцарската полиција