Ferrari 488 Pista во верзија само за тркачите за Маранело

Piloti Ferrari 488 Pista

Специјалната верзија од Ferrari 488 Pista со ознака „Piloti Ferrari“ е достапна само за клиентите коишто ги бранат боите на Маранело на тркачките патеки

Непосредно пред денешниот почеток на најголемиот настан во мотоспортот, 24 часа Леман, Ferrari ја претстави специјалната верзија на Ferrari 488 Pista. Достапна само за клиентите кои ги бранат боите на легендарната италијанска марка на тркачките патеки, Piloti Ferrari е создадена токму во чест на шампионската титула на Ferrari во трките во издржливост.

Бројката 51 на вратите се однесува на автомобилот со стартен број 51 на тимот AF Corse, со когошто Алесандро Пјер Гуиди и Џејмс Каладо ги обезбедија актуелните шампионски титули во категорија на возачи и марки.

Главниот белег во надворешноста се тенките надолжни ленти во боите на италијанското знаме, по пример на тркачкиот 488 GTE. Победничкиот венец е во чест на шампионската титула во трките во издржливост, на којашто укажува и логото WEC и назнаката „Pro“, за натпреварувачката класа.

Боите на италијанското знаме се повторуваат и на праговите, заедно со бројот што секој купувач може да го избере по желба. Специјалната серија ја откриваат и S-каналот во мат боја и карбонскиот заден спојлер. „Piloti Ferrari“ 488 Pista ќе биде достапен во четири бои што произлегуваат од светот на мотоспортот: Корса црвена, Тур Де Франс сина, Дајтона црна и Нирбургринг златна.

Алкантарата на седишта е специјално пефорирана. Националните бои се гледаат и на рабовите на рачките за менување на степените и на патосниците од специјален материјал. Бројката што е испишана на каросеријата се повторува и на воланот. Сите делови од карбон се финиширани мат. Личниот печат го комлетира плочка со сериски број и карбонска облога на праговите на вратите, со лого „Tailor Made“.
Моторот на „Piloti Ferrari“ 488 Pista е истиот оној 3,9-литарски V8 со 720 КС којшто неодамна беше избран за најдобар мотор во светот, трета година по ред.

[FAG id=33143]

Претходна објаваЕлектрични автобуси во јавниот превоз во Берлин
Следна објаваMcLaren претставува нов модел на 28-ми јуни

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here