На специјалната изложба во музејот се најдоа некои од најубавите и највпечатливи модели на Ferrari, коишто отсекогаш биле обожувани од познатите личности од светот на забавата, бизнисот и спортот. Изложбата насловена „Il Rosso & il Rosa“ е поставена во чест на сите дами коишто низ изминативе години одиграа значајни улоги во автомобилската индустрија, како сопственички, претприемачки и возачки.
На свеченото отворање на изложбата, честа да ја пренесат „нераскажаната приказна“ за врската меѓу дамите и Ferrari ја имаа Ејми Мекдоналд, шкотска кантавторка, и Дебора Мaјер, возачка во ГТ-шампионатот и успешна претприемачка. Двете фераристки ја открија својата страст кон автомобилите од женска перспектива.
Холивудските актерки ги започнаа силните врски меѓу дамите и Ferrari
Како доказ за нераскинливата врска меѓу дамите и Ferrari, изложбата „Il Rosso & il Rosa“ ги прикажува моделите избрани од дами што оставиле силен печат врз имиџот на марката од Маранело. Во 1950-те години, Ferrari беше задолжителен придружник на филмските ѕвезди: Ана Мањани и Ferrari 212 Inter од 1951 година, модел избран и од Ингрид Бергман, потоа холивудската актерка Норма Шерер и 250 GT Berlinetta “Tdf” од 1956 година. Моделите од 1960-те години се 250 GTO (1962), омилено возило на француската рели возачка Ан де Монтегу, и 250 LM од 1963 година, избор на американската актерка Џејн Мејнсфилд.
Автомобилите на двете почесни гостинки на настанот: Ferrari 458 Italia на Ејми Мекдоналд и тркачки Ferrari 458 Italia GT3 и Ferrari 488 Challenge на Дебора Мајер.
[FAG id=32280]
Теренецот на Ferrari постои и се вика Maserati Levante Trofeo
Ferrari Portofino доаѓа во замена за California
Ferrari го најавува најголемото наддавање во историјата на марката
Ferrari Dino отпаѓа од листата на приоритети во Маранело
Ferrari F40: Три децении од последниот автомобил на Енцо
Кавалкада на Ferrari по шести пат: Најексклузивниот собир на „фераристи“