McLaren претставува нов модел на 28-ми јуни

McLaren 570lt izduvni cevki

Новиот модел на McLaren ќе биде претставен онлајн на крајот на месецов, за набрзо потоа да следи и првото возење пред публика, на Фестивалот на брзината во Гудвуд

Уште десет денови остануваат до претставувањето на новиот модел на McLaren, во когошто ентузијастите на марката веќе го препознаа идниот 570LT, откако Вокинг објави детал од опашот на возилото. Станува збор за екстремна изведба во основната моделска гама на McLaren, во таканаречената спортска серија, во серијата модели „570“.

По онлајн-претставувањето на 28-ми јули ќе следи и првото покажување пред публика, за време на традиционалниот Фестивал на брзината во Гудвуд. Оваа манифестација што се одржува на имотот на Лорд Марч, кој е воедно и нејзин иницијатор, во последните години стана лансирна рампа за голем број спектакуларни автомобили.

На втората фотографија од „фабрика“, се гледаат пар издувни цевки коишто излегуваат директно од капакот врз моторот. Тоа е уште еден доказ дека се работи за модел „LT“, именуван во чест на легендарната верзија Longtail од McLaren F1.

Моќноста на моторот ќе биде зголемена незначително, на нешто повеќе од 600 КС, но затоа поголем ефект ќе се постигне преку намалувањето на тежината и оптимизацијата на аеродинамиката. Со возните својства, идниот 570LT ќе биде ориентиран повеќе на тркачка патека, отколку на гран-туризмо тури од еден до друг крај на континент.

По пример на McLaren Senna, моментно топ-модел на марката од Вокинг, 570LT ќе биде достапен во ограничена серија.

Автомобилската марка со веројатно најчисто педигре произлезено директно од мотоспортот, поточно во кралицата на мотоспортот, поканува фановите да ја посетат страницата cars.mclaren.com/theedgeiscalling

Претходна објаваFerrari 488 Pista во верзија само за тркачите за Маранело
Следна објаваByton со втор концепт и најава за почеток на производство

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here