Швајцарски трицикл на струја со оригинален концепт

vrbikes vr3city
vrbikes vr3city

Од Швајцарија доаѓа интересен трицикл со погон на струја. Замислата е да се понуди возило коешто освен во патничка изведба, ќе биде достапно и како комунално возило, за достава и за занаетчии.

Изненадувачки свеж концепт на возило доаѓа од Швајцарија. Трициклот со ознака vR3city нуди електричен погон по релативно достапна цена, а нуди и возачко уживање, затоа што подвозјето дозволува наведнување на возилото во свијоци. Посебна изведба со ознака vR3cargo е наменета за служби за достава, комунални служби, превоз на стока и возило за сервисери.

Производителот vRbikes го разви електричното возило имајќи го предвид постојаното интензивирање на сообраќајот во централното градско подрачје, како и поскапувањата на енергенсите и строгите ограничувања во поглед на емисијата на СО2.

Испораките ќе стартуваат во следната пролет. Цената на vR3city изнесува 9.000 швајцарски франци, со вклучени 7,7% ДДВ. Дополнително се плаќа и месечен наем за батеријата, во висина од 89 франци

Кругот на вртење е исклучително мал и изнесува 4,5 метри, што е половина од кругот со градски автомобил. Двата електромотори испорачуваат трајна моќност од 4 киловати, а досегот изнесува најмногу 120 километри. Крајната брзина е ограничена на 45 km/h. Полнењето може да се врши на обичен ѕиден приклучок.

Производител е групацијата vonRoll infratec, којашто во Швајцарија и во странство вработува 1.200 лица на 8 локации. Електричните возила се произведуваат во ливницата на vonRoll во близина на Делемон.

Технички податоци · vR3city, vR3cargo

Категорија

L2e

Возачка катег.

F/A1, од 16 години

Брзина

45 km/h

Досег

До 130km

Тежина

225 kg

Носивост/Приколка

90 kg назад, 30 kg напред / 200 kg

Мотор

DC-мотор

Моќност

2x 2 kW

Пренос

Запчест ремен

Тдехнологија

Литиум јон

Полнење 80%

ca. 6 h (со 2 батерии)

Суспензија напред

Телескопска вилушка

Суспензија назад

Амортизер, навојна пружина

Бандажи

Алу, 3.5 x 13″

Гуми

130/60-13″

Сопирачки

Диск, хидраулика, 220mm

Рекуперација

Се дотерува

Паркирна сопирачка

Автоматска, назад

Претходна објаваMitsubishi Pajero Sport со моделско освежување, продажба на 90 пазари
Следна објаваКабриолетот од Renault 4 се враќа со погон на струја, само за шоу

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here