Во 1970-те години, Renault го произведуваше легендарниот R4 во отворена изведба. Renault 4 Plein Air повторно е актуелен кај Французите, изработен во верзија на струја. Неговата цел ќе биде да привлекува внимание на салони и настани. Всушност се испробува како ќе реагира публиката.
На десеттото издание на „4L Interrnational“, фестивалот за љубителите на R 4, францускиот производител претстави електрична изведба на кабриолетот од легендарниот модел, што се произведуваше меѓу 1968 и 1971 година. На местото на бензинецот од 845 ccm работи електромотор од Renault Twizy. Новиот Renault 4 e-Plein Air има само две седишта, затоа што на просторот на задната клупа го пополни батеријата.
Renault 4 e-Plein Air е заеднички проект на Renault Classic, Renault Design и фирмата Melun Rétro, којашто е специјализирана за делови за олдтајмери од француската марка.
Бела маска со оригиналната форма му дава сосем свеж изглед на класичарот на Renault. Просторот над батеријата е наменет за корпа за пикник. Автомобилот за шоу користи скусена платформа од оригиналниот R 4.
Renault 4 Plein Air се појави со бранот необични автомобили од хипи-ерата. Французите изработија 563 примероци. Нема покрив, исто како што нема ниту прозорци и врати. Седиштата беа заменети со едноставна клупа. Моделот го привлече светско внимание како службено возило за превоз во рамките на Светскиот Саем во Монтреал во 1968 година.
















