Еден од најважните модели на Mitsubishi на светскиот пазар е претставен во Тајланд, каде што се произведува достапниот СУВ на основа на пикапот L200 и со име на големиот теренец. Mitsubishi Pajero Sport своевремено имаше голем успех на македонскиот пазар.
Како што најавивме претходно, Mitsubishi пред крајот на јули го претстави освеженото моделско годиште на Pajero Sport. СУВ-моделот на база на пикапот L200 ќе се испорачува од фабриката во Тајланд на повеќе од 90 пазари ширум светот.
Изгледот е освежен, со нос во стилот што започна со Eclipse Cross, a на тоа следат и неколку промени во внатрешноста, со цел да се подобрат квалитетот и комфорот. Интересен новитет е можноста задниот капак да се отвора преку паметен телефон. Доколку се избере така претходно, капакот ќе се отвори автоматски кога возачот ќе се приближи на растојанието на коешто работи блутут.
https://photos.app.goo.gl/6pmmPMe8oum9R9mu9
Pajero Sport е меѓу најважните модели на Mitsubishi на светскиот пазар, со близу 78.000 примероци продадени лани. Големиот СУВ ќе се продавава на повеќе од 90 пазари, вклучувајќи ги Австралија и Филипините.
За да го оправда името на големиот Pajero, „Sport“ ги зема како пример неговите теренски способности, робусноста и издржливоста.
https://photos.app.goo.gl/NVL1Y66zsbr5nsqY9
Погонската спрега ја сочинува 2,4-литарски дизел со единствената технологија Mivec на Mitsubishi, во комбинација со осумстепен автоматик. Новитети има и во системите за асистенција, со додавањето на опција за систем за следење лента и предупредување за возило што наидува додека се излегува во рикверц.
Најголемата гордост на Mitsibishi секако е погонот на сите тркала Super-Select 4WD-II, кој сега поседува и посебен режим за возење по терен, при што соодветно се менуваат испораката на вртежен момент, логиката на автоматскиот менувач и чувствителноста на сопирачките.
















