за

Внимателно при возење под дејство на лекарства

Кога се зголемуваат температурните разлики, почнува сезоната на настинки. При користењето на средствата против настинка или грип малкумина помислуваат дека лекарствата можат да влијаат врз способноста за возење.

Внимателно при возење под дејство на лекарства

Тоа што многумина возачи не го знаат: Средствата против настинка или грип исто така можат силно да влијаат врз способноста за возење. Нивното негативно влијание врз возачките способности се засилува доколку се комбинираат со погрешни пијалоци.

Користењето лекарства не повлекува автоматски намалена способност за возење. Напротив, редовното користење лекарства кај некои заболувања е предуслов за тие лица да можат воопшто да седнат зад волан. Од работната група за сообраќајна медицина на познатата германска асоцијација ТУВ даваат одговори на некои од најчесто поставуваните прашања на оваа тема.

Тоа не важи само за лица што се под трајна терапија со лекарства, туку важи за секој што седнува да вози. Пред возењето, секоја возачка и секој возал треба да се праша дали е во состојба да управува со возилото. Возачите што земаат лекарства треба да се раководат според советите од своите матични лекари. Читањето на упатството за лекот може да даде брз одговор во одредени ситуации.

Како влијае постојаното земање лекови врз способноста за возење?

По таканаречената фаза на привикнување, во којашто телото се навикнува на лекот, и откако дозата, доколку тоа е потребно, ќе се приспособи дополнително, трајното земање лекови за повеќето луѓе обично не претставува проблем за способноста за возење. Користењето лекарства, на пример, им овозможува на лицата што патат од епилепсија да управуваат со возило.

Каков е случајот со лековите што се земаат по потреба?

Тоа може да биде голем проблем. Овие лекови најечсто се земаат без претходно советување со лекар. Таков случај се лековите против болови или средства за смирување. Телото не е навикнати на лековите и може да реагира неочекувано. Тоа влијае врз способноста за возење.

Кои лекови се посебно критични за возачките и возачите?

Тоа се сите лекови што имаат психотропско дејство, значи влијаат врз психата, потоа лекови против попречувања на срцевиот ритам, епилепсија и висок притисок, но и лекови против бол и за смирување, на кои телото не е навикнато. Посебно е критична комбинацијата од различни лекови, што можат да предизвикаат контраиндикации.

Како возачките и возачите да постапат во тој случај?

Најголем проблем е кога пациентите одат од еден до друг лекар, при што често се случува да се превидат контраиндикациите на препишаните лекови. Пациентите треба да чувствуваат обврска, при секоја посета на лекар да имаат со себе список на сите лекови што ги земаат. Решението за овој проблем е т.н. план на лекови. Овој план треба да го состави лекар што има точен увид во сите лекарства што ги зема пациентот.

Каков е случајот со лекови што погрешно се оценуваат како безопасни, што помагаат на пример при алергија или настинка?

Тоа што многумина возачи не го знаат. Средствата против алергија или грип исто така можат силно да ја намалат способноста за возење. Тоа важи посебно при истовремено користење со погрешни пијалоци. Тука постои проблем со законодавството, коешто треба да пропишува на пакувањето да биде наведена забелешка за влијанието на лекот врз способноста за возење. Може да се користат и симболите што се вообичаени во сообраќајот.

На што треба да внимаваат возачките и возачите што редовно користат канабис од медицински причини?

Во основа треба да се внимава исто како кај останатите лекови. За време на периодот на привикнување, а тоа се најмалку шест месеци, по правило не треба да се управува возило. Влијанието на канабисот врз способноста за возење уште не е истражено. Во секој случај не треба да се седнува зад волан веднаш по конзумирањето. Покрај тоа, канабисот не смее да се зема заедно со алкохол, поради значително зголемената опасност од незгода.

Што се советува при сомнеж околу способноста за возење на блиско лице?

Важно е да директно да се разговара со тие лица, да се зборува за можностите за надминување на проблемот, како проверка на здравствената состојба. Семејството има можност во разговорот да го вклучи матичниот лекар, што забелешките на семејството ќе ги поткрепи со лекарска експертиза.

>>> Камера во Volvo ќе следи дали возачот внимава на патот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes стартува со електричен eActros во серија во 2021

Mercedes стартува со електричен eActros во серија во 2021

Шведска ги заменува бензинот и дизелот со етанол и биогас

Шведска ги заменува бензинот и дизелот со етанол и биогас