Само во ноември шведската марка продаде близу 50.000 автомобили, што е нов месечен рекорд во 88-годишната историја на Volvo. Марката е на најдобар пат да ги реализира планираните 800.000 возила на годишно ниво.
Volvo Cars постигна зголемување на продажбата на автомобили во ноември за неверојатни 26 проценти, продавајќи 49.055 возила, што е највисока месечна продажба забележана во 88-годишната историја на марката. Со тоа станувааат сé поверојатни изгледите дека во наредните четири години Volvo ќе ја достигне
планираната продукција од 800.000 возила на годишно ниво.

Најголемиот поттик за продажбата пристигна од новата генерација на луксузниот кросовер XC90, на кого што наскоро ќе му се придружи и големата лимузина на истата платформа, новиот S90. Светската премиера на долго исчекуваниот престижен седан се одржа на 2-ри декември, во Гетеборг.
На пазарот во САД се продадоа 6.903 возила од марката Volvo во ноември, што претставува зголемување од 90,5 проценти наспроти истиот месец лани. Најпродавани модели во САД беа XC90 и XC60. Продажбата бележи позитивен тренд и на европскиот пазар, со 26.646 возила или 23,9 проценти повеќе отколку во ланскиот ноември. Тука се продаваат најмногу моделите V40 и XC60, а плусот во продажбата доаѓа главно од големиот XC90.
Кинескиот пазар забележа 8.045 нови автомобили од марката Volvo во текот на ноември, односно 15,8 проценти повеќе отколку лани. Локално произведуваните XC60 и S60L се најпродавани модели на овој пазар. На глобално ниво, прв во продажбата во ноември е Volvo XC60 со 13.988 примероци, пред V40 и V40 Cross Country со 9.656 примероци, додека новиот XC90 е на третото место со 6.792 примероци.
Глобална продажба на моделите на Volvo во 2015 година
| Модел | Ноември 2015 | Јан. – ное. 2015 |
| S40 II | 0 | – |
| S60 II | 2,258 | 33,216 |
| S60L | 3,047 | 23,317 |
| S60 CC | 129 | 491 |
| S80 II | 865 | 6,113 |
| S80L | 668 | 2,936 |
| V40 | 7,765 | 72,886 |
| V40 CC | 1,891 | 20,674 |
| V50 | 0 | – |
| V60 | 4,263 | 45,696 |
| V60 CC | 1,381 | 8,101 |
| V70 III | 2,573 | 24,627 |
| XC60 | 13,988 | 142,353 |
| XC70 III | 2,902 | 27,020 |
| XC90 | 533 | 2,116 |
| XC90 II | 6,792 | 31,444 |
| C30 | 0 | – |
| C70 II | 0 | 12 |
| Вкупно | 49,055 | 441,002 |
















