170
30 shares, 170 points

Германска работа. По одржани 400 работилници и 700 одделни процени на продуктивноста, Volkswagen ќе ја зголеми автоматизацијата за 1,5 процент, тактот за 4 проценти, а логистичките процеси во каросериското одделние ќе ги забрза за 7 проценти.

Volkswagen ќе постигне дополнителна заштеда од 186 милион евра до 2020 година, преку поедноставување и автоматизација на процесите, намалување на бројот на работни чекори и решенија за подобрување што пристигаат директно од работниците. Тоа се однесува само на матичната фабрика во Волфсбург, кадешто моментно почнуваат подготовки за стартот на сериското производство на осмата генерација на Golf. Германците работат на тоа, Волфсбург да стане репер за целата производствена мрежа на концернот на глобално ниво.

Нови роботизирани колички го скусуваат времето за снабдување со материјали, а тоа е темел на ефикасноста во производството

Во каросериското одделение, на пример, нова генерација на транспортни системи, кои се целосно автоматизирани и без возач, обезбедуваат побрзо снабдување со материјали, а тоа е основа за ефикасноста. Преку 23 вакви роботи во фабриката, продуктивноста расте за 7 проценти.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Друг робот ги прицврстува триесетината завртки за држачите на моторот, за траверзите, куката за влечење и безбедносните ремени. Оваа работа досега се вршеше рачно. Новата метода понатаму ќе се применува во сите фабрики на концернот.

Со подобрувања во подрачјето на ергономијата исто така ќе се постигне зголемување на продуктивноста. Тоа подразбира користење монтажни столчиња, дигалки за тешки предмети и ергономски алати. Кај количката што стои покрај секој автомобил на монтажната лента, ќе секористи принципот на хирург-медицинска сестра. Тоа значи дека сите материјали и алати се доставуваат во досегот на монтерот. На овој начин се скусуваат до 30 работни чекори.

Пет илјади дилери на Volkswagen на обука за електрични автомобили

Volkswagen ги наградува иновациите од вработените со 75.000 евра

Volkswagen T-Roc со најголем пораст во продажбата лани

Кога Volkswagen излегува на штанд со B32 и „Erdbeerkörbchen“


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

170
30 shares, 170 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format