Volkswagen го одложува решението за фабриката во Турција

volkswagen passat montaza

Поради актуелната ситуација на турско-сириската граница, Volkswagen го одложува донесувањето на решението за изградба на фабрика во Турција. Досега беше сосем извесно дека германскиот концерн ќе ја избере земјата како локација за својата фабрика за повеќе марки.

Volkswagen го одложи донесувањето решение за локацијата на новата фабрика. Изборот пред извесно време падна на Турција, место Бугарија. Меѓутоа, откако Турција започна со распоредување на своите трупи во Сирија, во борби против Курдите, германскиот концерн го одложи донесувањето решение. Информацијата ја објавија германските „Франкфуртер Алгемајне Цајтиунг“ и „Ханделсблат“. Ситуацијата се следи со голема загриженост во Волфсбург.

По повеќемесечни преговори за новата фабрика, во којашто треба да се произведуваат модели од повеќе марки на концернот, на крајот беше избрана Турција. Во трка беше и Бугарија. Фабриката требаше да се гради во Маниса, во близина на Измир. Volkswagen најавуваше инвестиција меѓу 1,2 и 1,5 милијарда евра, а уште една милијарда ќе инвестираа добавувачите, за изградба или проширување на своите погони во земјата. Во фабриката ќе се отвореа околу 4.000 работни места, а соодветно ќе се отвораа и работни места кај добавувачите. Според „Ханделсблат“, концернот не се откажува од фабриката во Турција.

САД ќе преземат санкции, прекин на трговските преговори и воведување царини за Турција

Турција во минатата недела испрати војници на територијата на Сирија, во борба против курдската милиција, кои земјата ги гледа како терористи. Тоа следеше откако американскиот претседател Доналд Трамп реши да ги повлече американските трупи од границата, за понатаму да примени економски притисок врз земјата. Трамп ќе воведе санкции против турските министри, прекин на трговските преговори, како и царина за турскиот челик. ЕУ ги осуди нападите, не не може да воведе ембарго за оружје против земјата, којашто е партнер на НАТО.

Претходна објаваВодителот на „Car SOS“ ќе се трка со De Dion од 1904 година
Следна објаваMitsubishi со рекордна продажба во првите 9 месеци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here