Volkswagen цели на милион електрични возила во Кина во 2025

Volkswagen ID Next
Volkswagen ID Next

Volkswagen планира в година да продаде околу 300.000 возила со електричен погон во Кина. До средината на следната декада, продажбата веќе треба да достигне еден милион електрични возила на најголемиот пазар во светот.

Volkswagen планира до 2023 година да нуди десет модели констурирани врз основа на модуларниот систем со електричен погон MEB на најголемиот пазар за електрични возила во светот, во Кина. На настан во Гуанжу беше прикажана студијата на СУВ-модел со погон на струја ID Next, кој веќе имаше премиера на салонот во Франкфурт годинава. Овој автомобил практично е најава за првиот модел од семејството ID за кинескиот пазар. Производството ќе стартува кон крајот на 2020 година. Потоа и ID.3 ќе се произведува од страна на SAIC Volkswagen во новата фабрика во Антинг.

До стартот на првиот ID во Кина кон крајот на 2020 година, на пазарот ќе се понудат десет верзии од постоечките модели со електрифицирана погонска спрега, односно или плагин-хибриди или чисто електрични автомобили.

https://photos.app.goo.gl/wjhcJxoixRsSP6GK6

Уште не се напуштаат моторите со внатрешно согорување. Од почетокот на годинава, Volkswagen на кинескиот пазар претстави 13 нови модели, вклучувајќи пет нови СУВ.

Компанијата во Гуанжу го претстави компактниот СУВ-модел Tacqua, којшто ќе се произведува во FAW Volkswagen и личи како поголема изведба од T-Cross. Нов модел во портфолиото на SAIC Volkswagen е големиот ван Viloran.

https://photos.app.goo.gl/9jJDVZMpbA26cX9DA

Тој е Golf на новото денес: На струја, со име ID.3 и под 30.000 евра

 

Претходна објаваПокрај 29 милиони следбеници: Илон Маск се збогува со твитер
Следна објаваToyota GR Supra GT4 подготвена за трки и за 175.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here