Покрај 29 милиони следбеници: Илон Маск се збогува со твитер

tesla губи 9000 долари во минута

Откако неколку твитови му донесоа големи проблеми во минатото, шефот на Tesla, Илон Маск, веројатно ќе се повлече од твитер. Техно-милијардерот со публика како поп-ѕвезда, веќе си најде нов социјален медиум.

Откако си навлече големи проблеми со неколку твитови во минатото, шефот на Tesla, Илон Маск, најави повлекување од платформата за куси вести твитер. Тој во петокот на своите 29,1 милиони следбеници на твитерим го најави заминувањето со два твита: Во едната објава, тој не е сигурен дали воопшто има некаква корист од твитер, за потоа да објави и дека се исклучува од мрежата.

Следбениците реагираа на тоа со илјадници твитови, а многумина изразија жалење за неговото отсуство од твитее. Маск воедно посочи дека во иднина може да ја користи платформата за дискусии Редит за своите јавни објави. „Редит и натаму изгледа добро“, додаде тој во петокот.

https://twitter.com/elonmusk/status/1190292298694680577?s=20

https://twitter.com/elonmusk/status/1190288778767691777?s=20

https://twitter.com/elonmusk/status/1190288216131170305?s=20

 

Претходна објаваМоделското име Chevrolet Suburban постои 85 години
Следна објаваVolkswagen цели на милион електрични возила во Кина во 2025

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here