Американскиот производител цени дека тој е претходник на современите СУВ-модели. Chevrolet Suburban е стар колку колор филмовите и браната Хувер и, уште се произведува, моментно во својата единаесетта генерација.
Во 1935 година светот уште се опоравува од големата криза. На, Американците тоа им успева најдобро и успеваат да го снимат првиот филм во боја, додека во исто време истура последната бетономешалка во браната Хувер, најголема во тоа време. Тогаш се појавува и Chevrolet Suburban. Во својата 85-та година, тоа е најстарото моделско име во автомобилската историја.
Производителот цени дека автомобилот од 1935 година е претходник на денешните СУВ-модели, со „единствената комбинација од комфор за патниците и товарен простор“. Chevrolet Suburban се наоѓал во секаква улога, од семеен транспортер и полициско возило, до ѕвезда на поп-сцената.
Првиот Suburban имал место за осум патници, а со соборување на вториот ред седишта и отстранување на седиштата од третиот ред се добивал простор од 3.245 литри. Шестцилиндарскиот линиски мотор постигнувал моќност од 60 КС.
Во денешниот Suburban има место за седуммина и багажник со зафатнина од најмногу 3.446 литри, откако ќе се соборат двата реда седишта назад. Моторот е 6,2-литарски V8 со 420 КС, што е седумпати повеќе отколку моделот во 1935 година. Во реални услови, големиот СУВ минува просечно 23 милји со галон, односно троши 10,2 литри бензин на сто километри.

















