Бубата на VW пред 65 години достигна милион, тоа беше само почеток

Бубата на VW пред 65 години достигна милион, тоа беше само почеток
Бубата на VW пред 65 години достигна милион, тоа беше само почеток

Пред 65 години во Волфсбург беше произведена милионитата „буба“. Тоа беше голема причина за славење, но ниту оддалеку не навестуваше колку далекусежен ќе биде успехот на легендарниот автомобил.

На 5-ти август 1955 година, во Волфсбург се прославуваше на големо. Во фабриката на Volkswagen беше произведен милионитиот примерок од „бубата“. Тоа беше големо достигнување, но беше само мал дел од успехот што автомобилот продолжи да го бележи низ својата историја. До крајот на продукцијата во 2003 година, бубата се продаде во повеќе од 20 милиони примероци. Долго пред тоа, бубата (на германски Käfer) стана најпроизведуван автомобил во светот. Светот имаше огромни симпатии кон него, а автомобилот згора на тоа претставуваше и симбол на „Made in Germany“.

Конструкторското совршенство и шармот на самиот автомобил направија светот да заборави дека неговата кариера се поврзуваше со најтемниот дел од германската историја, како налог од Адолф Хитлер. Тој побара достапен и издржлив автомобил за германскиот народ. Диктаторот го означи почетокот на развојот на бубата на Меѓународниот салон на автомобили и мотоцикли во Берлин во почетокот на 1930-те години.

Под налог од здружението на германската автомобилска индустрија, конструкторот Фердинанд Порше се пушти во работа и го претстави првиот прототип уште во 1935 година. „Народниот автомобил“ (Volkswagen) беше мало возило со заоблена хауба и тркалезен опаш. Така се роди автомобилот што натаму со децении ќе ја живее својата светска кариера.

Автомобилот во почетокот се водеше под името KdF (кратенка од Kraft durch Freude, односно сила преку радост) . По војната, името беше сменето официјално во Volkswagen, модел Тип 1. Фабриката што беше изградена посебно за моделот во Волфсбург, до крајот на втората светска војна првенствено произведуваше воени возила. Масовното производство на бубата започна дури во 1945 година.

Во следните децении, во повеќе фабрики ширум светот се произведоа повеќе од 20 милиони примероци, пред конечниот престанок на производството во 2003 година. Тој беше најпродаван автомобил во светот, пред VW Golf да ја презеде оваа титулаво 2002 година.

Светот не ја заборава бубата. Тој бил прв автомобил на милиони семејства, бил симбол на економски врвови и падови, бил обожуван, филмска ѕвезда, рекламна икона, неуморен придружник на генерации возачи.

„Тип 1“ продолжи да живее, исто како што порачуваше фамозната реклама за него: Тој вози, и вози и вози…

Претходна објаваКупето од серијата 2 на BMW го задржува задниот погон
Следна објаваSeat 1430 против новото комби Leon Sportstourer

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here