за

Volkswagen ги поврзува фабриките во облак од податоци

Volkswagen ги поврзува фабриките во облак од податоци
Volkswagen ги поврзува фабриките во облак од податоци

Концернот Volkswagen ги поврзува своите фабрики во таканаречен индустриски облак. Целта е да се зголеми ефикасноста на фабриките и да се намалат трошоците за производство. Лани беа поврзани три фабрики (Хемниц и Волфсбург/Германија и Познан/Полска), планот за годинава е во облакот да се приклучат уште 15 фабрики од повеќе марки од концернот, вклучувајќи ги Audi и Porsche: Брауншвајг, Емден, Хановер, Инголштат, Касел, Лајпцих, Некарсулм, Залцгитер, Цуфенхаузен, Цвикау (Германија), Марторел (Шпанија), Палмела (Португалија), Ѓер (Унгарија), Млада Болеслав и Врхлаби (Чешка).

Додека мируваше производството поради корона-кризата, софтверските експерти на Volkswagen работеа под полна пареа на проектот за т.н. индустриски облак. Volkswagen има за цел до 2025 година да ја зголеми продуктивноста во своите фабрики за 30 проценти во споредба со нивото од 2016 година. Индустрискиот облак од податоци е една од алатките за постигнување на таа цел. Кога сите 124 фабрики на концернот ќе разменуваат податоци според ист стандард, заштедата ќе достигне неколку милијарди евра. Базата на индустрискиот облак е Amazon Web Services (AWS), додека Siemens е партнер што е задолжен за интеграцијата.

Функцијата на „облакот“ е да собира податоци од фабриките и да ги организира според ист стандард. Тоа ќе ја забрза изработката на апликации, со коишто ќе се зголемува ефикасноста во производството и во логистиката на Volkswagen.

Стандардизацијата ги смалува трошоците

Во првиот чекор, концернот изработи 15 различни апликации што сега се користат како стандард во сите фабрики. Главното внимание се става, на пример, во предвидувањето кога ќе биде потребно да се изврши сервисирање на машините, како и во намалувањето на обемот на доработка на горовите возила, со помош на вештачка интелигенција. Само од примената на првите 15 апликации, се очекува до 2025 година да се заштедат 200 милиони евра.

Во облакот влегуваат податоците од стотици илјади машини

Сензори ги регистрираат податоците од стотици илјади машини според таканаречен „Brown-Field“ протокол. Податочниот облак понатаму се анализира од страна на стандардизирани апликации. Секоја машина и секој систем се приклучува мануелно. На проектот во моментов работат 220 експерти, со план нивниот број да се зголеми на 500 до крајот на годинава.

Концернот ќе го нуди Volkswagen Industrial Cloud под лиценца, за да го користат и други компании, дури и од бранши надвор од автомобилската.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota yaris 20 godini

Топ 10 Најпродавани модели во Европа во март

Porsche ги отвора фабриките во понеделник

Porsche ги отвора фабриките во понеделник