Porsche ги отвора фабриките во понеделник

Porsche ги отвора фабриките во понеделник
Porsche ги отвора фабриките во понеделник

Од следниот понеделник (4-ти мај), моделите на спортската марка Porsche повторно ќе се произведуваат во двете германски фабрики. Во меѓувреме се воведени строги заштитни мерки за вработените.

Со продолжувањето на производството во матичната фабрика во Цуфенхаузен и во втората фабрика во Лајпцих, Porsche постепено ќе го враќа персоналот на своите работни места. Во производството, во логистиката и во набавките се преземени соодветни измени, заради заштита на здравјето на вработените.

Повторниот старт е важен сигнал – за нашите колешки и колеги, исто како и за нашите клиенти. Од почеток будно ја следиме и анализираме ситуацијата и направивме процесите да бидат пофлексибилни. Сега е вистинско време за оптимистички да гледаме напред и да се пуштиме во работа – под специјални услови,“ изјави Албрехт Рајмолд, директор за производство и логистика во Porsche AG.

Работните места сега се поставени за да се обезбеди растојание од најмалку 1,5 метар, воведени се општи правила на однесување и предвидено е во одредени подрачја да се работи со заштитна маска за лице.

Спортската марка воедно издвои дополнителни пет милиони евра за набавка на медицинска опрема и за финансиска помош за болниците, како и прехранбени производи за социјалните кујни.

Збор и од претседателот на управниот одбор Оливер Блуме: „Потребна е голема сила, за економскиот и општествениот систем да се задвижат повторно. Најважен е позитивниот став. Секоја криза нуди и шанси. Ние сакаме да ги искористиме тие шанси.“

Спортската марка на концернот Volkswagen го запре производството на 21-ви март, првично за период од две недели. Поради тесните грла во глобалниот синџир на добавувачи, фабриките мируваа шест недели. Како и претходно, службените патувања исто така се во мирување.

Porsche со 1,3 мио. евра за германските клиники, активен и нашиот Порше

https://www.facebook.com/PorscheMacedonia/photos/a.146869005345778/3248018395230808/?type=3&eid=ARAzHPgQaaWJUTbdEdyq1CErxu_gowGO0h6LImQKOed_LYVxsy4k5S9hrVP5ZJvlr8Tdbmeqg51ZCe-B&__xts__%5B0%5D=68.ARCtFB53Q0pI_92hFkdwNfIpa8yZ65-TpBcRGT8TNsjbnPMPTvLR0anh12YEnNp1cTpJz6BJuR-2aUAddsvzxA1wr5AXasAvasmUWRu5iUmEEa9pa2NgMvWO_JRZHTo8OBFhjU4fWBoVX8Z2K2NoGHsyUVf0iGDu_IlC1-lKFwbKFTBEREdwMzc1ZEO0VBclUaoD2S2GZb-HuKrWDhjK4m2-vspTfgvVyANhb0bhdQmEq2eX-mjPfQYNB2R8ZH7hFxACY9ZH2hQXnms3G-4NaIcL9JLdwdnCtTYyAfeZW-aFN1Jr-0ojEbYdHXS6yag46SvYxVLsHcNhDA0C23BFfD3_kQ&__tn__=EEHH-R

Претходна објаваVolkswagen ги поврзува фабриките во облак од податоци
Следна објаваFord продолжува со производство на 4-ти мај

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here