Ford продолжува со производство на 4-ти мај

Ford продолжува со производство од 4-ти мај
Ford продолжува со производство од 4-ти мај

Откако го запре производството во сите свои фабрики ширум светот, поради пандемијата, Ford во понеделник враќа во работа поголем дел од своите фабрики за возила и мотори во Европа.

Од следниот понеделник, Ford продолжува со производство во своите германски фабрики во Зарлуи и Келн, во Крајова (Романија) и во Валенсија (Шпанија). Производството на мотори е планирано да продолжи на 18-ти мај, додека британските фабрики за мотори во Дагенам и Бриџенд ќе стартуваат малку подоцна.

Во почетокот, продукцијата ќе се држи на пониско ниво. Предимство имаат возилата што се веќе нарачани и се изработуваат за познат купувач. Кога добавувачите на компоненти повторно ќе работат во полн обем, кога транспорт во одредените земји ќе се одвива непречено и кога ќе се врати побарувачката на клучните пазари, како германскиот, кадешто од минатата недела повторно се отворија продажните салони, така и фабриките на Ford постепено ќе ја зголемуваат продукција. Тоа секако дека нема да се случи преку ноќ, туку ќе се одвива во следните неколку месеци.

Меѓу дополнителните мерки што се воведени во фабриките со цел да се заштити здравјето на вработените, предвидено е да се одржува доволно растојание и да се носи заштитата за лицето што ја обезбедува производителот. Тоа важи на целото подрачје на одделните фабрики. Доколку на производствените ленти не може да се одржува мининалното растојание, тогаш е предвидено да се носи и заштитен визир.

Пред вработените да се упатат на работното место, ќе се мери телесната темпеартура. Сите вработени имаат должност да користат алгоритам, за проверка дали имаат симптоми на вирусна инфекција, пред да дојдат на работа.

Ford самостојно ги изработува маските за лице и заштитните визири за сопствените потреби. На тој начин се растоварува пазарот на заштитна опрема.

Ако во авто-салоните има дива мачка, тоа е Ford Puma

Ford Puma Ми-Да Гранд Моторс

Претходна објаваPorsche ги отвора фабриките во понеделник
Следна објаваВо Холандија одземени трипати повеќе дозволи поради брзо возење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here