Сообраќајот по патиштата е намален, а полицијата има дополнителен ангажман. Некои возачи сакаат да го искористат тоа, за да постигнат нешто што е тешко во нормална ситуација. Но, има еден проблем. Во вакви услови, на полицијата ѝ е уште полесно да ги открие прекршителите.
Кога Белгија ги воведе заштитните мерки за пандемијата, властите во земјата објавија предупредување, за празните патишта да не се злоупотребуваат за брзо возење. Но, полицијата продолжи да го надгледува сообраќајот со истиот обем како претходно, секако вклучувајќи го и беспрекорниот видео надзор на патиштата. Возачите го послушаа советот.
Нивниот северен сосед Холандија, или како што последно нé поправаат, Недерланд, (https://www.holland.com/global/tourism/information/general/netherlands-vs-holland.htm) не издаде официјално соопштение околу празните патишта и нивното злоупотребување, но се покажа дека и таму полицијата е исто толку активна како пред корона-кризата.
Во последните неколку седмици, бројот на возачи што останале без возачка дозвола, поради дрско пречекорување на дозволената брзина, се зголемил трипати во
Некои возачи не можат да им одолеат на празните патишта. Тие се охрабруваат да возат побрзо, надевајќи се дека и полициските контроли се проретчени. Но, тоа што корона-брзите возачи не го знаат е како тие изгледаат од страна на полициските контроли. Фактите говорат дека токму поради празните патишта, на сообраќајците им е многу полесно да ги уловат брзите возачи. Само за Велигден, во источниот регион на Недерланд, повеќе од 40 возачи останале без дозвола поради пребрзо возење.

















