Volkswagen ги открива тајните зад рекордната аеродинамичност на ID.7

Volkswagen качи едно скалило погоре со досегот од најмногу 700 километри за својот електричен знаменосец и заменик на Passat, ID.7. За оваа мошне убедлива вредност на досегот, заслуга има и аеродинамичноста на каросериската форма. Што сé имаат направено техничарите, за да дојдат до cw 0,23.

Седумката во семејството електрични автомобили ID на Volkswagen е прв модел на Волфсбург од вишата средна класа што користи погон на струја. Германскиот број 1 јасно го води својот ID.7 како заменик на Passat, а за важната клиентела на тој модел да се убеди дека е време да почнат да возат на струја, големиот модел постигнува и голем досег: 700 километри се вредност за почит.

За да се постигне отпор на воздух од 0,23, во комбинација со челна површина од 2,46 метри квадратни, мораа тесно да соработуваат дизајнерите и техничарите.

Половината од отпорот што го создава возилото отпаѓа на каросеријата. Останатата половина: Тркалата и гумите учествуваат со 30 проценти, подот со 10 проценти, функционалните отвори (воздух за ладење и сл.) со 10 проценти.

Силуетата на петметарскиот ID.7 укажува дека станува збор за исклучително аеродинамичен модел. Дизајнерот на Volkswagen, Даниел Шарфшверт: „ID.7 е направен да биде аеродинамичен како ниту еден друг модел пред него: Со низок нос, течно преоѓање во хаубата и ‘брз’ ветробран. Купеовската форма на покривот и опашот што се стеснува, исто така се дизајнирани за совршена аеродинамичност.“

Уште во почетокот од развојот се работеше на детали во подот, во тркалата и во други подрачја. Штефан Лансман е главен инженер за аеродинамичноста на ID.7: „Оптимумот го бараме во интерактивен процес, во којшто сé повеќе се соединуваат развојот и дизајнот. Тука се прават бројни мали зафати, што на крајот се исплатуваат.“

Подот на Volkswagen ID.7 е затворен речиси целосно. Покрај предните тркала се наоѓаат нови спојлери, коишто со минимално вртложење го спроведуваат воздухот под возилото, во правец на тркалата.

Страничните водилки (Air Curtains) на предниот браник помагаат за воздухот да струи околу предниот дел. Страничните прагови се издадени за да спречат воздухот да струи под возилото и кон задните тркала. Има и мали спојлери и облоги што го спроведуваат воздухот одоздола.

[the_ad id=”73735″]

Аеродинамичноста на тркалата е посебно важна кај ID.7. Во исто време мораше да се внимава и сопирачките да добиваат доволно ладење.

Електрично задвижуваната ролетна во предниот дел се отвора само кога е неопходно агрегатите и батеријата да се ладат дополнително,

Почетокот на секоја работа врз аеродинамичноста е секако на компјутер. Симулации и зафати се вршеле приближно на секои две недели. Станува збор за илјадници процесори, што ги пресметуваат вредностите на струењето на воздухот. Се работеше на впуштените рачки на вратите, на аеродинамичните капи на ретровизорите, на секој детал посебно. „Во воздушен тунел одиме дури кога ќе биде завршен дизајнот. Додека се случи тоа, потребно е година и пол време“, посочува експертот Штефан Лансман.

Во воздушниот тунел се тестира со модели во природна големина, изработени од глина. Се одзема и додава по милиметар, за да се дојде до совршената форма. Тоа посебно важи за рабовите. Потоа се изработуваат прототипи со 3D-печат, на пример капите на ретровозорите, за да се провери како се однесува нивната форма.

Претходна објаваСтудија во 20 држави: Противвредноста и марката поважни од цената
Следна објаваНовиот знаменосец на Kia е електричен и голем е колку соба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here