за

Нова историја по 20-ти јули: „Бубата“ вози на струја

Нова историја по 20-ти јули: „Бубата“ вози на струја
Нова историја по 20-ти јули: „Бубата“ вози на струја

Од следниот понеделник, од 20-ти јули, Volkswagen ID.3 може да се нарачува во повеќето европски држави. Изборот содржи седум конфигурирани модели и две големини на батерија. Во Германија за ID.3 следи субвенција во висина од 9.480 евра, полнењето е по повластена цена.

Четири недели по стартот на лимитираната серија ID.3 1st Edition, Volkswagen на 20-ти јули ги отвора тефтерите за нарачка на стандардните изведби на својот прв електричен автомобил од новата генерација. Во салоните во повеќето европски држави може да се избира меѓу седум моделски изведби со различно ниво на опрема и две големини на батерија.

Во пакет се добива и повластена тарива за полнење преку We Charge, во времетраење до три години. За сите изведби на ID.3, во Германија следи субвенција во висина од 9.480 евра.

Убеден сум дека електромобилноста конечно ќе постигне пробив“, изјави директорот за продажба во Volkswagen, Јирген Штакман. „Како што откриваат моделските имиња, меѓу кои се Family, Style, Tech и Tour, за секого ќе има ID.3 што одговара – по привлечна цена. На тој начин ја реализираме нашата визија, мобилноста без штетни материи да им ја овозможиме на сите.“

Life – Style – Business – Family – Tech – Max“

Тоа се имињата на претходно конфигурираните моделски изведби што ќе се нарачуаваат од 20-ти јули и ќе почнат да се испорачуваат во октомври.

Сите се базираат на основниот модел ID.3 Pro Performance, со батерија од 58 kWh и досег до 420 километри, со електромотор назад со 150 kW (204 КС). Максималниот вртежен момент изнесува 310 Nm, спринтот до 60 km/h трае 3,4 секунди.

За првите испорачани модели ќе треба по извесно време по испораката да се изврши вчитување на новиот софтвер за поврзување со преносни уреди и за проекцискиот дисплеј со унапредена реалност – наспроти злонамерните објави кои претставуваат дека софтверот што треба да се вчита е клучен за основните функции на електромобилот. Моделите што ќе се испорачаат во првиот квартал од 2021 година, веќе ќе го поседуваат овој софтвер.

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември
Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември во специјалната серија, еден месец подоцна следат  стандардните изведби

Без дополнителна опрема, ID.3 „Pro Performance“ во Германија чини 35.574,95 евра. Секој модел располага со навигација, радарски темпомат и поврзување со телефон, заедно со безжично полнење.

ID.3 „Life“ чини 37.787,72 евра и нуди повеќе комфор: Загреван волан и грејачи во седишта, како и два дополнителни приклучоци USB-C.

Стилистите ќе се решат за „Style“ за 40.946,04 евра, со дизајнерски пакет, заедно со матрични диодни светла, задни диодни светла со динамична функција, како и панорамски покрив.

Универзалецот е ID.3 „Business“ со мал дизајнерски пакет, матрични диодни светла, затемнети стакла, камера за рикверц и пристап без клуч, по цена од 41.287,22 евра.

ID.3 „Family“ нуди простор, светло и комфор, со голем дизајнерски пакет, 2-зонска клима Air Care и бројни системи за асистенција, за 42.305,87 евра.

Љубителите на техниката ќе ги привлече ID.3 „Tech“ со комплетен арсенал од системи за асистенција, меѓу кои и фамозниот „Travel Assist“ за делумно автопилотирано возење, со проекциски дисплеј и озвучување, по цена од 43.680,32 евра.

Врвот е ID.3 „Max“ за 45.917,48 евра, кој дополнително поседува електрично масажно седиште и прогресивно управување, заедно со динамичен темпомат.

Седмата верзија е Tour, којашто се базира врз изведбата со четири седишта ID.3 Pro, со батерија од 77 kWh и реален досег до 550 километри. Тој може да се приклучува и на брзи полначи до 125 kW. Во основната изведба, Tour чини 40.936,31 евра.

Подоцна во понудата ќе биде вклучен и основниот модел ID.3 Pure, со реален досег до 330 km за помалку од 30.000 евра.

Електричниот ID.3 добива специјални гуми од Bridgestone

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Niva повторно го носи логото на Lada

Niva повторно го носи логото на Lada

Вака изгледаат камионите на љубител на Формула 1

Вака изгледаат камионите на љубител на Формула 1