за

Niva повторно го носи логото на Lada

Niva повторно го носи логото на Lada
Niva повторно го носи логото на Lada

Во историското седиште на групацијата Avtovaz, во фабриката во Тољати, повторно се произведува Niva под знакот на Lada. На маската и на воланот сега стои познатото брод-лого на Lada, наспроти досегашното лого на Chevrolet.

Во декември лани, Avtovaz потпиша зделка за откуп на 50% од акциите на американската компанија во заедничката инвестиција под името GM-Avtovaz. Со тој чекор, дотогашната партнерска компанија премина во стопроцентна сопственост на Avtovaz, а моделското име Niva се врати во понудата на марката Lada.

Niva со фабричка ознака 2123 е развиена од Avtovaz и нејзиното производство започна во 2000 година, под марката Lada. Две години подоцна, моделот почна да се произведува под марката Chevrolet, во руско-американската компанија GM-Avtovaz. Во целиот период досега, соработката меѓу оваа заедничка инвестиција и матичната Avtovaz се одвиваше беспрекорно. Главните компоненти, односно каросеријата, подвозјето и погонската спрега, се произведуваа во погоните на Avtovaz, додека завршната монтажа се одвиваше во заедничките погони со американскиот партнер. Вкупно се произведени над 700.000 примероци од Chevrolet Niva.

Со тоа, Lada Niva сега е втор модел со погон на сите тркала во понудата на руската марка. Побарувачката за моделот е висока, исто како и угледот меѓу сопствениците и познавачите. Се очекува продажбата да добие посилен поттик, затоа што Niva отсега ќе се продава во мрежата од преку 300 салони на рускиот гигант во земјата.

https://www.instagram.com/p/CCdrp4uJW7-/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автомобилите наскоро ќе гледаат зад агол

Автомобилите наскоро ќе гледаат зад агол

Нова историја по 20-ти јули: „Бубата“ вози на струја

Нова историја по 20-ти јули: „Бубата“ вози на струја