Volkswagen во следните неколку денови постепено ќе ја зголемува продукцијата во фабриката во Чатануга, во американската сојузна држава Тенеси. Работата ќе се одвива под строги заштитни мерки за корона-вирусот.
Германскиот производител в понеделник ќе ја врати во погон фабриката во Тенеси, во САД, кадешто продукцијата беше запрена поради корона-кризата. На 17-ти мај ќе почне постепено да се зголемува продукцијата во фабриката на Volkswagen во Чатануга.
Претходно се планираше враќањето на фабриката во производство да се случи на 3-ти мај, но планот беше одложен поради општите услови околу пандемијата. Производствените ленти запреа на 21-ви мај. Во фабриката се вработени околу 3.800 лица.
Меѓу заштитните мерки ќе спаѓа и проверка на телесната температура, кога вработените ќе пристигнаат на своето работно место. При температура над 38 степени, не може да се пристапи во фабричкиот круг.
Вработените секој ден ќе добиваат нова заштитна маска. На располагање стојат и ракавици за сите, но тие не се задолжителни. Вратите остануваат отворени, да не мора да се допираат.
















