Volkswagen ќе инвестира 18 милијарди евра во Кина

Фактот што групацијата VW планира да инвестира 18 милијарди евра во хибридни и електрични автомобили за Кина е уште една потврда дека овој пазар е најважен за автопроизводителите.

Гигантската инвестиција на Volkswagen во Кина ќе опфати развој на нови технологии, нови модели со погон на струја, како и нивно производство. Во кинеските салони веќе е достапен Porsche Panamera S Hybrid E, а во следната година ќе почнат да се продаваат и Audi A3 e-tron и Volkswagen Golf GTE. Во 2016 година во големата азиска земја ќе стартуваат и две верзии на Audi A6 со хибриден погон со надворешно полнење, обете развиени посебно за кинескиот пазар. Неодамна претставениот Bentley Mulsanne Hybrid исто така ќе се нуди во Кина, за потоа да следува и хибридната верзија на спортскиот теренец на престижната британска марка.

Германците имаат големи планови во Кина. Модуларната конструкција на автомобилите им овозможува на инженерите да изведат хибридна или електрична верзија од речиси секоја моделска серија. Инвестицијата предвидува и отворање на 20.000 работни места до 2018 година, како и зголемување на бројот на дилерства за половина, односно од сегашните 2.400 на 3.600 дилерства на марките на Volkswagen. За оваа година, гигантот од Волфсбург постави цел да продаде 3,5 милиони автомобили во Кина.

Претходна објаваCadillac плаќа по 100 долари за пробно возење на нивните модели
Следна објаваБританија повторно произведува повеќе возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here