Како резултат од заздравувањето на економијата во Европа и растечкиот интерес на пазарот, во Британија повторно расте производството на автомобили. JaguarLand Rover, BMW и Nissan се главни носители на порастот.
Продукцијата на автомобилските марки во Британија достигна 142.000 возила во март, што претставува зголемување од 12 проценти во споредба со ланскиот месец. Во целиот прв квартал, продукцијата е во плус од три проценти. По неколкумесечен застој, продажбата на возила во Европа веќе седум месеци бележи континиран пораст. Тоа е добредојден поттик за големосериските производители во Британија, на коишто Европа им е клучен пазар.
Продукцијата опадна во првите месеци од годинава откако Jaguar Land Rover, Nissan и BMW започнаа со подготовка на производствените погони за новите генерации на модели. Околу половина од вкупната продукција во земјата е наменета за извоз. Автомобилите учествуваат со 15 проценти во вкупната вредност на производство на британската индустрија.