за

Volkswagen започна со испорака на фејслифтот на Touareg

Освежената верзија на големиот теренец на Volkswagen стартуваше со испорака на матичниот пазар. Сериската опрема е збогатена со биксенонски светла, се нуди и модел со хибриден погон.

Волфсбург ги објави цените на освежената моделска генерација на големиот теренец Volkswagen Touareg. Според ценовникот за Германија, кадешто започнува пазарното воведување на новиот модел, основната верзија на Touareg чини 52.125 евра. Сериската опрема е збогатена со биксенонски светла и со систем за самостојно запирање на возилото по судир, при што се спречува неконтролирано движење на возилото. Фејслифтот се распознава јасно по новиот дизајн на предниот и задниот дел на возилото.

Понудата од погонски единици се состои од четири мотори, меѓу кои и хибриден погон, коишто покриваат дијапазон на можност од 204 до 380 КС, додека потрошувачката се движи меѓу 6,6 и 9,1 литри. Специјалниот модел Touareg Exclusive, дополнително опремен со бандажи од 20 инчи, сребрени носачи на покривот и дрвено декоративни панели во кокпитот чини 63.025 евра. Од пазарното воведување на првата генерација на Touareg до сега се продадени преку 750.000 примероци од моделот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последната „легенда“ на Bugatti чини 2,8 милиони евра

Нова генерација на Chevrolet Volt доаѓа во јануари 2015