Франција одигра клучна улога во проектот за „Airbus за батерии“, со којшто се обезбеди масивно производство на батерии за електрични автомобили на европска територија. Земјата сега планира да започне соработка со Германија вредна милијарди евра, за примена на водородот како погонско гориво. Францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер, за таа цел ќе отпатува на преговори во Берлин, на 11-ти септември.
Комисијата на ЕУ бара масивно проширување на примената на водородот, кој не ѝ наштетува на животната средина, со цел да се забрза енергетската пресвртница. Бриселската институција во јули предложи стратегија, за капацитетите значително да се прошират на ниво на цела Европа, со користење јавни средства.
Според изјавата на Ле Мер во едно интервју, Франција планира во долг рок да вложи седум милијарди евра во техниката за погон со водород. Германија на таа сума ќе додаде уште девет милијарди евра. Францускиот функционер се надева дека ќе биде воспоставена германско-француска алијанса за поттикнување на водородниот погон, којашто понатаму ќе се шири во европски рамки.
При користењето на водородот не се ослободуваат штетни материи, но мора и неговото производство да биде со користење „зелена“ струја
Водородот се цени како клучен енергенс за снабдување со енергија што не е штетна за животната средина. При користењето на водородот не се ослободуваат штетни стакленички гасови. Предизвикот е во тоа, што за развојувањето на водата на составните елементи водород и кислород, потребно да се потроши голема количина на енергија. Тоа не ѝ наштетува на животната средина, доколку при добивањето чист водород се троши зелена струја, односно струја од енергијата на сонцето или ветерот.

Париз и Берлин веќе соработуваат тесно во производството на батерии во Европа. Целта е континентот да се заштити од потенцијалната зависност од увозот на батерии од Азија, во време кога пазарот на електрични автомобили во Европа бележи рапиден раст. Францускиот претседател Емануел Макрон ја нарече оваа соработка „Airbus за батерии“, повикувајќи се на заедничкото учество на повеќе европски држави во производството на авиони.
>>> Градоначалникот на водород, автобусите на водород – во германски Хирт