Шон Вотерспун, еден од навлијателните дизајнери во уличната култура во САД, дизајнираше специјална изведба на Vespa Primavera. Легендарниот скутер е бојадисан во жолта, црвена, темно зелена и светло зелена боја. За контраст со живите бои, тркалата се бојдисани во бело, а во истата боја се и страничните заштитни лајсни на оклопот.
Вотерспун се реши за седиште во светлокафена боја, коешто е обложено со велур и има бели кедери. Црвените нагазници имаат додатоци во сина боја. Ретровизорите, носачот за багаж, рамката на светлото и задната рачка се изведени во хром-финиш. На тоа следат уште големи натписи Primavera (пролет на италијански) од десната страна и Vespa од левата страна.
Дел од пакетот на оваа соработка меѓу Вотерспун и Vespa е џет-шлем во истите бои со скутерот, заедно со две посебно дизајнирани летни маици.
Vespa Primavera „Sean Wotherspoon“ во изведба од 50 ccm во Италија чини околу 3.900 евра, односно илјада евра повеќе за верзијата со мотор од 125 сантиметри кубни.
https://www.instagram.com/p/CB5C4wZhEzC/
















