Toyota намалува СО2 дури и во електрониката

Toyota намалува СО2 дури и во електрониката
Toyota намалува СО2 дури и во електрониката

Toyota важи за шампион во електрификацијата на погонот, умее и природните појави да ги примени за бојата на Lexus да ја направи со посебен ефект, но Toyota останува доследна на своето име и во подрачјата што не се гледаат, а уште помалку се спомнуваат. На пример, во електронските компоненти. Една иновација помага и тука да се смали емисијата на СО2, што концернот планира да ја преполови до средината на веков.

Toyota разви нова технологија за премачкување на електронските делови. Станува збор за полимембрана што пропушта само метални јони. Овие јони понатаму може да се таложат на одредени подрачја, слично како да се става печат. Користа е во тоа што се смалува отпадот, исто како и емисијата на СО2.

Во бројни електронски делови се применуваат субстрати со бакарен, никелов или друг метален слој. Досега за таа цел се користеше обично потопување, при што деловите целосно се потопуваа во повеќе раствори. Со новата технологија на Toyota нема потреба за тоа. Количината на потрошениот раствор се смалува триесетпати, додека емисијата на СО2 се сведува на третина во споредба со обичната постапка. Во исто време се скусува и времетраењето на обложувањето.

Во соработка со Mikado и Kanematsu се развиени специјални машини за обложување. Овие машини, освен во фабриките на Toyota и партнерските компании, во иднина ќе се користат во колку е мошно поширок круг на индустриски бранши. Комерцијалната примена може да се очекува најрано по 2023 година.

https://photos.app.goo.gl/x1vc6qJ1GFJQLBaC6

 

https://photos.app.goo.gl/YzWuBHisyihT57dH9

>>> Зошто ја возевме Toyota Camry до големите вештачки езера?

Претходна објаваШон Вотерспун создаде посебна верзија на Vespa Primavera
Следна објаваИлон Маск продава „S3XY“ шорцеви

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here