Vespa претстави побрза изведба на својата Elettrica на салонот на мотоцикли во Милано (до 10-ти ноември). Скутерот сега постигнува крајна брзина од 70 km/h место 45 km/h. Италијанците ветуваат 70 километри со едно полнење. Доколку се избере економичен режим, досегот се зголемува на 100 километри, но во тој случај и крајната брзина не надминува темпо 45.
Полнењето на батеријата до 100% трае четири часови. Моторот испорачува моќност од пет КС (номинална моќност 3,6 kW, максимална моќност 4 kW) и постигнува вртежен момент од 200 њутнметри.
Vespa почнува да вози на струја
https://photos.app.goo.gl/SbnETx5wpSzArBMEA
https://www.instagram.com/p/B4frWCGqu5T/
















