за

Модели на Toyota со примерна штедливост на тест кај прочуените IfA

Toyota по природа е марка што секогаш ги наведува луѓето на некакво тестирање. Германскиот институт IfA најверодостојно тестираше потрошувачка на неколку модели.

Тоа што Toyota го наведува како податок за потрошувачката на гориво на своите модели е многу веројатно дека ќе биде и вистинска потрошувачка во секојдневното возење. Германски институт што редовно ја снабдува сцената со големи истражувања им ја потврди штедливоста на моделите на Toyota, било да станува збор за хибрид, за ICE или за приклучен хибрид.

Прочуениот германски Институт за автомобилска економија (IfA) при Универзитетот за економија и животна средина ја проверуваше штедливоста на моделите на Toyota со полн хибриден и со приклучен хибриден погон. Во вистински услови на возење беа поминати близу 10.000 километри ширум Германија, со четири автомобили Toyota.

Мерењето на потрошувачката на гориво се одвиваше во рамките на „IfA Hybrid Real Endurance Test“, со цел да се утврдат разликите меѓу неколку погонски концепти.

На мерење на реалната потрошувачка беа подложени два автомобили Toyota Yaris. Едниот од нив користи класичен бензински мотор, додека вториот, сосем природно за марката, располага со хибриден погон. Истото тестирање го минаа и два автомобили Toyota RAV4, со тоа што едниот располага со хибриден погон, другиот со приклучен хибриден погон.

Yaris Hybrid ја докажа делотворноста на погонската технологија што е специјалност на Toyota и постигна значително повисока ефикасност во споредба со моделот со мотор со внатрешно согорување (ICE). Најголема разлика се покажа при споредбата на потрошувачката во градско возење, каде што хибридниот Yaris потроши 2,5 литри гориво помалку. Како што наведува Toyota, тоа се должи на фајтот што „самополнечкиот Yaris Hybrid во градски сообраќај минува чисто елчеклтрични до 80 проценти од времето во возење“. Тоа штеди гориво, но и ја поштедува животната средина.

Потрошувачка на тест (l/100 km) Toyota Yaris ICE Toyota Yaris Hybrid
Град 6,68 4,13
Пат 4,56 3,33
Автопат 4,97 4,16
Ø 4,94 3,79

Дуелот на двата RAV4 мина без неприкосновен победник. Тестот на потрошувачка на IfA покажа дека Toyota RAV4 постигнува потрошувалка под пет литри и во самополнечката хибридна изведба и во изведбата со приклучен хибриден погон. За технологијата да биде уште поубедлива, големиот теренец со хибриден погон троши помалку и од Yaris што користи само бензински мотор. Реалните вредности се покажаа дури и пониски од оние мерени според WLTP-циклусите.

Потрошувачка на тест (l/100 km) Toyota RAV4 HEV Toyota RAV4 PHEV
Град 4,43 5,35*
Пат 3,77 4,34*
Автопат 5,42 5,57*
Ø 4,61 5,07*

Од возачот, односно од начинот на возење, најмногу зависи кој погон е најефикасен. Возачи што често возат на куси или средни растојанија, што воедно имаат и можност да ја полнат батеријата, штедат најмногу со приклучниот хибриден погон. Во тој случај, Toyota RAV4 минува целосно електрично меѓу 70 и 80 километри, без потреба да се вклучува моторот. Тие што возат подолги рути, а притоа немаат можност каде да полнат батерија, најдобри вредности на потрошувачката постигнуваат со самополнечкиот хибрид. Уште еден импресивен податок: RAV4 Hybrid со потрошувачката на тестот може да мине до 1.200 километри без дополнување.

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1)

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 2)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-Benz A-Class доби освежување за новото моделско годиште

Peugeot најпродавана марка, 208 најпродаван модел во Франција годинава