за

Mercedes-Benz A-Class доби освежување за новото моделско годиште

Mercedes-Benz вели дека со новата A-Class им нуди на своите клиенти класа за секој ден. Има неколку зафати во изгледот, нов MBUX и сменета понуда од модели.

Промените во изгледот на предниот дел се направени за Mercedes-Benz A-Class да оддава повеќе моќ и динамика. Хаубата има сменета форма и се спушта пониско, со два гребени и со остар нос на ајкула. Тоа го следи новата маска, исто како и тенките светла.

Во новото моделско годиште на Mercedes-Benz A-Class сé е во знакот на моќта и динамиката. Тоа има за цел, премиум компактот да се издвои во својата посебна мисија, покрај големите и скапи лимузини и СУВ-модели на марката. Покрај целосно сменетиот нос, има новини и во дизајнот на тркалата, коишто досегаат до 19 инчи, вклучувајќи ги AMG Line-тркалата со филигранска изработка, во сјајна црна боја. Опција се ЛЕД-светла со нова графика на осветлување.

Назад се забележуваат новиот дифузор и сериските ЛЕД-светла, што ставаат печат дење и ноќе. За каросеријата може да се избираат и бои од специјалното одделение Manufaktur.

Стандард во новата A-Class станува и двојниот дисплеј, составен од возачки дисплеј од 7 инчи и средишен дисплеј од 10,25 инчи. Опција е двата дисплеи да бидат со поголемиот формат. Во тој случај се стекнува впечаток како двата дисплеи заедно да лебдат над арматурбата табла.

New item by Automedia MK / Google Photos

Впечаток остава и посебната шема на осветлување на внатрешноста, што личи како светлосно инсценирање на објект со футуристичка архитектура. Треите тркалезни отвори за воздух, со изглед како турбина, се омаж на светот на авијацијата. Нов е воланот и стандардно е обложен со мека телешка кожа. Промените ги заокружува новата средишна конзола.

Опременоста е збогатена значително, со задна камера, USB-приклучоци и кожен волан. Од нивото Progressive стандардно следуваат ЛЕД предни светла, местење на возачкото седиште во слабинскиот дел, паркинг-пакет и комплетна функционалност на ретровизорите.

New item by Automedia MK / Google Photos

MBUX беше главното тежиште кога A-Class ја имаше својата премиера, па така и сега се посветува многу внимание во системот. Новиот MBUX е полесен за ракување и учи. Сменета е графиката во дисплеите, со можност да се избира класичен, спортски или децентен стил. Новина е сензорот за отпечаток на прст, којшто ќе почне да се вградува од првиот квартал в година, со функција да го препознае возачот.

Целата гама од бензински мотори е електрифицирана, во комбинација со менувач со двојна спојка со 7 или 8 степени. Сите благи хибриди се опремени со 48-волтен стартер-генератор со моќност од 10 kW, што асистира при поаѓање. Во новата A-Class се користи подобрен стартер-генератор, во насока на комфорот и поддршката при возењето.

New item by Automedia MK / Google Photos

Големи промени има и кај приклучниот хибрид Mercedes Benz A 250 e, во изведба со пет врати и во лимузинска изведба. Батеријата е подобрена и дозволува подолг досег, а електромоторот доби екстра 5 kW и сега испорачува 80 kW (109 КС). Покрај полнење со моќност од 3,7 kW, потоа 11 kW (претходно 7,4 kW), компактниот Mercedes-Benz дозволува и корситење полнач со еднонасочна струја со 22 kW. Во последниот случај, батериајта се полни од 10 до 80% за 25 минути.

Моделската гама на Mercedes-Benz A-Class ја сочинуваат:

  • A 180 (1,4 л, 136 КС)
  • А 200 (1,4 л, 163 КС)
  • А 220 4Matic (2,0 л, 190 КС)
  • А 250 4Matic (2,0 л, 224 КС)
  • А 250е (1,4 л, приклучен хибрид 218 КС)
  • А 180 d (2,0 л, 116 КС)
  • А 200 d (2,0 л, 150 КС)
  • А 220 d (2,0 л, 190 КС)
New item by Automedia MK / Google Photos

Ветер ќе произведува струја на тест-патеката на Mercedes-Benz

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Amazon со 20 електрични камиони ќе пренесува пакети во Германија

Модели на Toyota со примерна штедливост на тест кај прочуените IfA