за

Amazon со 20 електрични камиони ќе пренесува пакети во Германија

Електрични камиони Volvo ќе вршат транспорт на пакети на средни релации во Германија, за гигантот во онлајн-трговијата Amazon.

Amazon почнува со примена на возен парк што се состои од целосно електрични камиони од тешка категорија, за транспорт на пратки меѓу магацините на компанијата во Германија. Тоа е само почетокот, што води кон целта, по 2040 година, целата работа на компанијата да биде без ниту грам СО2.

Дваесет електрични камиони Volvo од тешка категорија, уште годинава ќе започнат да превезуваат пакети за Amazon во Германија. Тоа е почеток што води кон целосна електрификација во транспортот на средно растојание, односно транспорт меѓу магацини. Компанијата што се вбројува во американската „Голема петорка“, има цел до 2040 година да стане целосно СО2-неутрална, десет години порано од рокот што е поставен со Париската климатска спогодба.

Електричните камиони Volvo ќе ги заменат постоечките камиони со дизел мотор. Тие ќе минуваат годишно по еден милион километри, чисто на струја и без ниту грам штетна емисија. Возилата ќе сообраќаат меѓу Дуртмунд и Диселдорф.

Технологијата во камионите дозволува батеријата да се полни на полнач со моќност до 360 kW. Полнењето на батеријата на 40-тонските камиони трае помалку од два часа. Amazon има поставено десет такви полначи на своите локации во Германија.

Ние применуваме една од најбрзо растечките програми за електрификација во комерцијалниот транспорт и ќе продолжиме да вложуваме и да иновираме, со цел да се декарбонизираме и да им испорачуваме на клиентите со нулта емисија

Андреас Маршнер, потпретседател за транспорт во Amazon за Европа

Компаниите во Германија се заинтересирани за чистите погонски решенија. „Со нашата програма за поддршка, ние потпомогнавме набавка на повеќе од 1.200 возила со електричен и водороден погон“, посочува Оливер Луксиќ, парламентарен државен секретар на сојузниот министер за дигитална технологија и транспорт. „Добро е кога компаниите, како Amazon во улога на корисник, и Volvo како производител, соработуваат за намалување на емисијата на СО2 во патниот транспорт.“

Amazon веќе располага со повеќе од 1.200 електрични доставни возила на патиштата во Германија. Компанијата лани испорача преку 40 милиони пакети до вратата на корисниците во Германија, без ниту грам СО2. Покрај фургони се користат и електрични велосипеди, и нивниот број се зголемува постојано.

DHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија

Пица Џакомо пристига со „умами“ на чист електричен погон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Конвој од Lamborghini Urus на експедиција во Република Карелија

Расте продажбата на скапи Lamborghini, Bentley

Mercedes-Benz A-Class доби освежување за новото моделско годиште