Ветер ќе произведува струја на тест-патеката на Mercedes-Benz

Повеќе од 100 мегавати или околу 15 проценти од годишната потреба од струја на целиот Mercedes-Benz Group AG ќе се покриваат преку ветерниот парк во Папенбург, што ќе почне со работа кон средината на декадата.

Во Mercedes-Benz започна проектирањето на ветерен парк, што ќе се изгради во комплексот за тестирање возила во Папенбург, на дваесетина километри од брегот на Северното Море. До 2025 година, таму ќе бидат поставени ветерници во двоцифрена бројност. Ветерниот парк ќе покрива 15 проценти од годишната потрошувачка на струја на Mercedes-Benz Group AG во Германија. Плановите предвидуваат и соработка со партнер, преку Power Purchase Agreement, во вредност од неколку стотици милиони евра.

Исто така ќе се разгледува можноста за масивни површини од тест-комплексот да бидат покриени со фотонанапонски ќелии. Земјиштето со површина од 800 хектари е постојан дел од истражувањето и развојот на нови технологии и возила на компанијата, уште од 1998 година.

Mercedes-Benz Group AG од оваа година во сите свои фабрики произведува неутрално во поглед на СО2 и се движи кон целта, до 2030 година повеќе од 70 проценти од потребата од енергија во производството да бидат покриени со енергија од обновливи извори

За таа цел се поставуваат соларни и ветерни паркови во кругот на фабриките, а воедно се потпишуваат и договори за набавка на зелена струја. До 2025 година, Mercedes-Benz ќе вложи повеќе од сто милиони евра во поставување фотоволтаички панели.

До 2030 година, емисијата на СО2 во целиот циклус на едно возило, од неговото производство, до одлагањето во отпад, вклучувајќи ја и енергијата за полнење на батеријата, се планира да биде намалена за најмалку 50 проценти во споредба со почетокот на деценијата.

ЕУ вложува во три соларни електрани во Битола и железничко поврзување со Софија

Претходна објаваBosch предупредува да не се ставаат сите карти на батериите
Следна објаваToyota вели дека куката за влечење приколка е непотребна

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here