Toyota вели дека куката за влечење приколка е непотребна

Прикачување врз влечна кука, обезбедување со синџир и неизвесност дали приколката натежнува премногу врз куката – сите тие перипетии исчезнуваат, со новата технологија што ја развива Toyota.

Како може да се влече приколка или возило без да се користи влечна кука? „Суштината е во тоа што возилото назад го следи возилото пред себе“, објаснува Пол Фенсон, директор за истражување и дизајн во огранокот на Toyota за Северна Америка. „Возилото што води го управува човек. Возилото назад го следи водечкото возило исто како што тоа го прави и приколка закачена на кука, единствено има разлика во тоа што не постои физичко поврзување“, додава тој.

Револуционерниот систем на Toyota за влечење без кука е во почетната фаза од развојот и се тестира само на затворен полигон. Во следната фаза ќе се премине на тестирање по автопат и во градски сообраќај. Техничарите на јапонската марка најавуваат дека ќе следат возбудливи новини.

Видеото прикажува како изгледаат тестирањата во оваа рана фаза од развојот, заедно со објаснувања од менаџерите и техничарите на Toyota

Колку се продаваат Toyota Camry и Highlander во САД?

Претходна објаваВетер ќе произведува струја на тест-патеката на Mercedes-Benz
Следна објаваЕлектричен и кинески Aiways U5 вози ВИП-гости на Октоберфест

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here