за

Колку се продаваат Toyota Camry и Highlander во САД?

Со два „американски“ модели на Toyota што се во редовна продажба во Македонија, станува интересно да се погледне како поминуваат Camry и Highlander од другата страна на барата.

Од Тексас, од градот Плано, каде што е седиштето на Toyota во САД, денес пристигнаа податоците за продажбата за јуни и за првата половина од годината. Јапонската марка што долго е одомаќена таму, во јуни продала 207.331 возила, што е за 39,8% повеќе во споредба со лани. Едно од секои четири продадени возила во САД било со хибриден, електричен или водороден погон.

Вкупно во првата половина од годината, Toyota продала 1.291.879 возила во САД или за 44,5 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Возилата со хибриден, електричен или водороден погон учестувале во продажбата со 23,3%, што претставува најдобро прво полугодие во историјата на Toyota на големиот американски пазар.

На марката Toyota отпаѓаат 180.623 возила од јунската продажба (+41,6%). За шест месеци, резултатот е 1.134.166 возила (+44,1%). Луксузната марка Lexus, на којашто САД практично ѝ се домашен пазар, во јуни продала 26.708 возила (+ 29,1%), односно за шест месеци продажбата на Lexus достигнала 157.713 возила (+47,7%).

>>> Зошто ја возевме Toyota Camry до големите вештачки езера?

Во клучните подрачја, продажбата на Toyota и Lexus во првата половина од 2021 година во САД изгледала вака:

За двете марки, Toyota и Lexus

  • Историски најдобра јунска, квартална и полугодишна продажба на возила со алтернативен погон
  • Историски најдобра полугодишна продажба на СУВ и пикапи
  • Продажбата на патнички автомобили до јуни достигнала 431.457 возила (+44,8%)
  • Продажбата на СУВ и пикапи до јуни достигнала 860.422 возила (+44,4%)

За марката Toyota:

  • Историски најдобра месечна продажба за RAV4 Prime
  • Историски најдобра јунска продажба за возила со алтернативен погон, СУВ и пикапи, за Corolla Hybrid, за Highlander и за Highlander Hybrid, за Prius Prime, Tacoma, Venza

За марката Lexus:

  • Најдобар јуни за возила со алтернативен погон, СУВ модели и за Lexus NX
  • Најдобро полугодие за возила со алтернативен погон, СУВ модели, LC, NX, RX, UX

Најпродавани патнички модели на Toyota во САД, јануари – јуни 21

♦ Camry 177.671

Corolla 155.531

Prius 38.763

Supra 4.548

Avalon 10.328

Mirai 1.597 (со погон на водород!)

86 1.034

Yaris 201

Вкупно патнички модели 389.670

Најпродавани СУВ-модели на Toyota во САД, јануари – јуни 21

RAV4 221.195

♦ Highlander 144.380

4Runner 69.949

Venza 35.834

C-HR 24.443

Sequoia 4.338

Land Cruiser 3.550

FJ Cruiser 1

Вкупно СУВ-модели 503.690

Најпродавани пикап-модели на Toyota во САД, јануари – јуни 21

Tacoma 139.296

Sienna 57.642

Tundra 43.865

Вкупно пикап-модели 183.161

Одговорот на прашањето во насловот е мошне јасен: Toyota Camry е најпродавана лимузина во моделската понуда на САД, но таа и генерално е најпродавана лимузина во сегментот, веќе две децении, пред лимузините на американските марки што некогаш беа препознатливи токму по нив.

За Highlander, ситуацијата е истата. Големиот СУВ со релаксирачки луксуз, во САД се продава со слична динамика како RAV4.

Тест: Toyota Highlander 2.5 Hybrid Luxury Premium

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Канада нема да регистрира нови бензинци и дизели по 2035 година

Летното освежување за Citroen C3 е специјална серија „YOU!“