за

Летното освежување за Citroen C3 е специјална серија „YOU!“

Citroen продолжува да игра со карактерот на C3 и ја нуди специјалната серија C3 YOU.

Основа за специјалната моделска изведба на Citroen C3 претставува нивото Feel, коешто во рамките на специјалниот третман добива клима, радио со МР3, грејачи во ретровизорите, темпомат и систем за следење лента.

Новата специјална серија на Citroen C3 YOU! се препознава однадвор по магленките на бела подлога, на коишто им се придружуваат бели капи на ретровизорите и декорација на задните столбови. C3 YOU! е создаден со идејата да ги спои практичното со уживањето и да понуди висока противвредност. Француските салони на марката веќе стартуваат со нарачки за специјалната серија. Испораката ќе започне во септември.

Арките на крилата на „You!“ се обложени со пластични лакови во мат црна боја, алу-тркалата од 15 инчи се во варијантата Arrow, а опција е покрив во бела боја. За примероците од серијата да се распознаваат уште повеќе, под ретровизорите стои натпис „You!“. Вкупно шест бои стојат на располагање: Elixir Red, Perla Nera Black, Sand, Steel Grey, Platinum Grey и Polar White.

Посебен печат во кабината дава панелот на арматурната табла во сјајна црна боја. Моторот што го користат примероците од специјалната серија е PureTech 83, стандардно со систем старт-стоп.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку се продаваат Toyota Camry и Highlander во САД?

Volvo го има најдоброто полугодие во историјата на марката