Електричен и кинески Aiways U5 вози ВИП-гости на Октоберфест

Викендов започна Октоберфест во Минхен. „Ди Визн“, како што Фестивалот си го познаваат во Германија, претставува најголем народен фестивал во светот, со повеќе од шест милиони посетители. Aiways не го пропуштаат овој радосен метеж.

Посебно опремениот автомобил за Октоберфест на кинескиот производител со големи планови за Европа е наречен „Визн-Ваген”, возило за „ливадата“. По бело-сините ромбови од знамето на Баварија се познава дека тоа е возилото што е посветено на фестивалот на пивото и на баварската гостопримливост. Овој специјален примерок од Aiways U5 SUV ги поздравува минувачите со „O’zapft is!“ Тоа е графика нацртана врз хаубата, што претставува спој од славина за точење и кабелски приклучок за полнење струја.

Отстрана на возилото се наоѓа големо лого, што укажува дека станува збор за „Визн-Ваген“, а од внатрешната страна на панорамскиот стаклен покрив, со површина од близу два метри квадратни, надвиснува „небото на Баварија“.

Електричниот СУВ е претворен во микрокампер, за да биде вистински „Визн-Ваген“, автомобил за ливадата

Производителот од Шангај повеќепати нагласувал дека нивниот Aiways U5 SUV располага со шампионска просторна понуда во кабината. Сега за големиот фестивал во Минхен се покажува дека возилото поседува и приспособливост. Во соработка со e-microcamper, електричниот СУВ е претворен во возило за кампување.

https://photos.app.goo.gl/ZJTYKFLLkYpFdDXm6

Китот за микрокампинг се состои од лежај за две лица и орман што се извлекува. Посебно за Октоберфест, во китот е додадена фиока во којашто е сместена преклоплива гарнитура за пиење пиво. Таа се состои од маса и две клупи. На тој начин, Aiways U5 SUV “Wiesn-Wagen” сместува 10 лица покрај себе. Секако дека опремата вклучува и електричен ладилник, со простор за 20 флаши – нормално, енергијата доаѓа од самата батерија на возилото.

Пиварницата Хофброи Минхен и каналот ТВ Минхен ќе го користат уникатниот Aiways за време на целиот фестивал

Освен на самиот фестивал, Aiways U5 SUV „Wiesn-Wagen“ ќе се среќава и низ градот. Во следните две седмици, пиварницата Хофброи Минхен и ТВ Минхен ќе го користат возилото за ВИП-превоз, вклучувајќи и негова служба како „CARaoke“. Секојдневната тв-репортажа за време на Октоберфвест постигнува просечно 2,6 милиони гледачи дневно. Тоа ќе биде одлична реклама за младата марка Aiways. Во Минхен воедно се наоѓа и главниот извозен центар на кинеската марка. По фестивалот, Визн-Ваген поаѓа на турнеја, со крајно одредиште Шангај.

Така во 2019 година почна европската приказна на Aiways

Два електрични СУВ возат од Кина до салонот во Франкфурт

Претходна објаваToyota вели дека куката за влечење приколка е непотребна
Следна објаваOpel за јубилејот ја отвори за јавност фабриката во Ајзенах

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here