за

Opel за јубилејот ја отвори за јавност фабриката во Ајзенах

За триесетогодишнината на фабриката во Ајзенах, Opel ја покани јавноста да го посети производствениот комплекс во рамките на Ден на отворени врати.

Во 1992 година, од фабриката во германската сојузна покраина Тиринген излегоа првите модели со знакот на Opel на хаубата. На свеченото одбележување на 30-годишнината присуствуваа премиерот на покраината, Бодо Рамелов, шефот на Opel, Флориан Хутл, како и бројни љубители на марката и автомобилизмот.

Триесет години од фабриката во Ајзенах излегуваат модели на Opel. Присуството на големиот производител на автомобили остави силен печат врз регионот, во поглед на развојот и вработувањата. За таа цел, Opel организираше свеченост и Ден на отворени врати, како единствена можност за семејства и пријатели на марката да ја разгледаат фабриката.

Во утрото, премиерот на Тиринген, Бодо Рамелов, и извршниот директор на Opel, Флориан Хутл, за 30-годишнината зборуваа пред 30 вработени во фабриката и уште 30 поканети гости. „Ајзенах отсекогаш се поврзувал со динамична историја и постојан напредок. Тоа го докажува Вартбург (замокот во градот), како своевиден заштитен знак, исто како и производството на автомобили. По пресвртницата, Opel беше меѓу првите западногермански производители на автомобили што се ангажираа во новите покраини – со голем успех. Фабриката денес одбележува 30 години и 3,7 милиони возила што се симнати од овие ленти. Бројните компании од автомобилската индустрија се важен економски чинител, а фабриката во Ајзенах на посебен начин покажува дека иднината има традиција во Тиринген“, порача пораинскиот премиеро Бодо Рамелов.

Извршниот директор Флориан Хутл посочи дека „со новата фабрика во Ајзенах, Opel во тоа време го зајакна регионот и повторно заживеа една од локациите што имаат најдолга традиција во производството на автомобили во Германија. Оттогаш, тука се произведуваат бестселери со првокласен, потврден Ајзенах-квалитет“. Во меѓувреме фабриката почна да произведува и електрични модели, конкретно СУВ-знаменосецот Grandland во изведба со приклучен хибриден погон и досег над 50 километри при погон само на струја.

New item by Automedia MK / Google Photos

Сите произведени модели во Ајзенах, од почетокот во 1992 година до денес, беа наредени за публиката да посведочи на напредокот во изминатите 30-те години. Во почетокот тука се произведуваше првата генерација на Astra, потоа следеше бестселерот Corsa, по него стилскиот градски модел Adam, а денес оттаму излегува компактниот СУВ-модел Opel Grandland.

Во повеќејубилејната година во којашто воедно се одбележуваат и 160 години од основањето на компанијата, секако дека посетителите имаа можност да ги погледнат и изложените машини за шиење, коишто се прв производ на коишто стои името Opel. Денес марката произведува електрична Corsa и го подржува ангажманот на тркачкиот тим во рели, со Opel Corsa-e Rally. Тоа е прв рели автомобил со електричен погон, од автомобилска фабрика.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Opel Grandland пред замокот Вартбург

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Нераздвојно од секој Ден на отворени врати, секако се тест возењата. Opel на публиката им ги стави на располагање „домашниот“ Grandland, електричната Mokka-e и новата генерација на Astra.

Шоу за публиката беше и натпреварот во умешно управување со вилушкар. Пред посетителите беше изложен и електричниот Rocks-e којшто е во возниот парк на сопствената противпожарна служба на фабриката.

Дечињата можеа во лакирницата да ја покажат сета своја креативна моќ врз каросеријата што им беше подготвена за таа цел.

Музејот во градот ги прикажува сите автомобили од сите марки што се произведувале во изминатите 120 години во Ајзенах

Тест · Opel Astra Ultimate 1.5 Diesel: Родена под среќна ѕвезда

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричен и кинески Aiways U5 вози ВИП-гости на Октоберфест

Товарниот Scudo е прв Fiat што се произведува во В. Британија