за

Товарниот Scudo е прв Fiat што се произведува во В. Британија

Fiat Professional Scudo почна да се произведува во фабриката на Stellantis во Лутон, придружувајќи им се на сестринските модели Opel/Vauxhall Vivaro, Citroën Dispatch, Citroën Jumpy и Peugeot Expert.

Фабриката на Stellantis во Лутон ја прошири палетата на модели што ги изработува со почетокот на производството на лесното доставно возило Fiat Professional Scudo. Со дополнителното производство на Scudo се покрива големата побарувачка за моделот, откако претходно стартуваше неговото производсво во француската фабрика.

Ова е првпат возило на Fiat да се произведува во Велика Британија. Во Лутон ќе се изработуваат заедно моделските изведби со волан од десна и од лева страна, за испорака во Велика Британија и на европските пазари.

Fiat Professional Scudo продолжува да се произведува во Орден, Франција. Таму воедно се изработува и електричната изведба e-Scudo, од каде што моделот се испорачува за сите пазари.

Во Лутон се произведуваат изведбите со мотор со внатрешно согорување од Opel/Vauxhall Vivaro, Citroën Jumpy, Citroën Dispatch и Peugeot Expert.

Марк Нобл, директор на фабриката во Лутон: „Голема вест е тоа што фабриката во Лутон започна со производство на Fiat Professional Scudo, што значи дека отсега ги произведуваме доставните возила од средна големина од сите марки на Stellantis, како за Велика Британија, така и за европските пазари.“

https://twitter.com/FiatProOfficial/status/1569966771292995584?s=20&t=JwjGNLM-t0qZjIKqT8ZiNg

Новото Scudo во Италија стартува од 27.500 евра со 1,5-литарски дизел со 100 КС, во фургонска изведба. Електричниот модел чини околу 38.000 евра, но затоа во земјата следи и субвенција во висина меѓу 4.000 и 12.000 евра, за мали и средни компании, за возила со тежина меѓу 1,5 и 12 тони. Властите во Македонија уште немаат воведено механизам што ќе го олесни купувањето електрични возила.

Аутомобиле СК направи лагерот од возила да може во секое време да се погледне онлајн

ВОЗИЛА НА ЛАГЕР

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel за јубилејот ја отвори за јавност фабриката во Ајзенах

Новиот Mitsubishi ASX изгледа многу познато, фановите се радуваат