Mitsubishi ASX во основата е Renault Captur со знак на јапонската марка и ќе се нуди со хибриден и приклучен хибриден погон. Моделот е важен затоа што го означува враќањето на ценетата марка на европскиот пазар. Новакот може да се очекува во салон в година во март.
Претходната генерација на Mitsubishi ASX беше своевиден феномен. Компактниот СУВ меѓу 2010 и 2020 година мина три моделски освежувања и толку пати му беше менуван ликот. Намерниците во салон на Mitsubishi сепак гледаа помалку дали во кокпитот има голем дисплеј, а повеќе го гледаа знакот на марката. Пазарот не му даваше на ASX да замине.
Извршниот директор на Mitsubishi Motors за Европа, Франк Крол, во соопштението за медиуми објаснува дека „како електрифициран СУВ, со целосен пакет од напредна технологија и инфо-забавнби системи, новиот ASX одговара совршено за европскиот пазар“.
Моделот првпат беше понуден на европскиот пазар во 2010 година. За повеќе од една деценија, од ASX се продадоа преку 380.000 примероци. Mitsubishi во 2020 година најави дека повеќе нема да лансира нови модели во Европа. Така предвиде стратегијата за смалување на трошоците на марките во алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi. Продажбата во Јапонија, а посебно во земјите од југоисточна Азија, продолжи да се одвива со одлична динамика.
https://photos.app.goo.gl/MWn9WKy8UZ12sp4c7
Таа одлука беше променета откако Renault и Mitsubishi во 2021 година постигнаа договор за два нови модели да се произведуваат во фабриките на Renault. Двата модели се ASX и Colt, двата врз иста платформа, со тоа што првиот е различно стилизиран Captur, додека Colt како основа го користи Clio. Продажбата на Colt ќе започне во ноември в година.
ASX е долг 4228 mm, широк 1797 mm и висок 1573 mm. Градскиот СУВ ќе се произведува во Ваљадолид, Шпанија, заедно со Captur. Mitsubishi не ја наведува цената на ASX. Понудата на Captur во Франција почнува од 23.400 евра и достигнува 37.000 евра за хибридната изведба со врвна опременост.
https://photos.app.goo.gl/toSas58xMggfAL6H8
Исто како Captur, којшто е најпродаван модел на Renault во Европа, ASX ќе се нуди со цела низа погонскиу единици, почнувајќи од 1,0-литарски бензинец, 1,3-литарски бензинец во верзија на 12-волтен благ хибрид, како и во хибридна верзија и приклучна хибридна верзија, во комбинација со 1,6-литарски мотор. Изведбата со погон на автогас нема да се нуди за ASX.
Captur, којшто сега е во својата втора генерација, долго време е на врвот во продажбата на малите СУВ модели. Тоа е сегмент што беше најпродаван во Европа во првото полугодие.
https://photos.app.goo.gl/R4XAurLyeMDHLhUa9
Продажбата на Captur во првите шест месеци сепак опадна и моделот се најде на петтото место, со 72.488 примероци и пад од 21,5 проценти. Во истиот период лани, моделот беше на третото место. Лидер во сегментот е Volkswagen T-Roc, со 79.336 продажби до јули.
ASX и Captur ја користат платформата CMF-B на алијансата Renault-Nissan. Истата платформа им служи и на малечкиот СУВ-модел Nissan Juke, како и на Dacia Sandero и Jogger.
https://photos.app.goo.gl/h4fXCknx22ZjgfeX7
https://photos.app.goo.gl/qmabtBinGUoFLsudA
Mitsubishi до јули продаде 34.365 возила во Европа, со градскиот Space Star како најпродаван модел со 19.354 примероци. Colt ќе биде негова замена.
Втор најпродаван модел е компактниот СУВ-модел Eclipse Cross со 14.729 продадени примероци. Во 2019 година, моделот достигна 148.000 примероци во Европа, за една година подоцна продажбата да се намали на 103.411 возила, а потоа и на 73.370 возила во минатата година.
https://photos.app.goo.gl/JRYFrYTCF5YSn6Cs8
Новиот Mitsubishi ASX премиерно во септември, старт следната пролет
















