за

Новиот Mitsubishi ASX премиерно во септември, старт следната пролет

Новата генерација на Mitsubishi ASX ќе биде достапна во пет погонски варијанти, вклучувајќи изведба со приклучен хибриден погон.

Европскиот огранок на Mitsubishi Motors денес ја објави гамата од погонски единици што ќе се нуди за новата генерација на ASX. Развиени посебно за европскиот пазар, моторите и погонските комбинации ќе се одликуваат со ниска емисија, штедлива потрошувачка на гориво и пристојни перформанси.

Влезот во гамата ќе го означи 1,0-литарски бензинец со турбонатполнење, во комбинација со 6-степен мануелен менувач. За клиентите што сакаат посилни перформанси, на располагање ќе стои 1,3-литарски мотор со директнно впрскување и турбонатполнење. Опција кај овој мотор ќе биде 7-степен менувач со двојна спојка.

Новината за целата марка е во тоа што ASX ќе биде прв модел на Mitsubishi достапен со класичен хибриден погон. Истиот ќе се состои од 1,6-литарски бензинец, два електромотори и 6-степен автоматски менувач.

Гамата ќе ја круниса изведба со приклучен хибриден погон, односно со можност за надворешно полнење на батеријата. Во основа станува збор за „надградба“ на хибридниот модел, со батерија со капацитет од 10,5 kWh. Оваа погонска изведба ќе му даде ексклузивност на ASX во сегментот на градски СУВ-модели.

Приклучниот хибриден погон веќе е вообичаена понуда во гамата на Mitsubishi. Јапонската марка уште во претходната генерација на Outlander постигна впечатлив успех, посебно на европскиот пазар, со верзијата Outlander PHEV. Во моментов се нуди и верзија на Eclipse Cross со приклучен хибриден погон, главно на големите пазари во Европа, каде што се исплатува комерцијализација на погонската изведба.

Сите погонски изведби ќе бидат достапни од стартот на продажбата во следната пролет, со можни отстапки за одредени пазари:

  • 1,0-литарски MPI-T: 3-цилиндарски бензинец со турбонатполнење и впрскување во повеќе точки; 6-степен мануелен менувач. Моќност: 91 КС.

  • 1,3-литарски DI-T: 4-цилиндарски бензинец со турбонатполнење и директно впрскување; 6-степен мануелен менувач или 7-степен менувач со двојна спојка (7DCT). Моќност: 140 КС, односно 158 КС (7CT).

  • 1,6литарски хибрид (HEV): 1,6-литарски бензинец со два електромотори и батерија од 1.3 kWh, во комбинација со 6-степен автоматски менувач. Моќност: Мотор 94 КС/148 Nm, електромотори 49 КС + 20 КС) . CO2 емисија: 107-113 g/km.

  • 1.6-литарски приклучен хибрид (PHEV): Два електромотори од 67 и 34 КС, батерија од 10,5 kWh, во комбинација со 1,6-литарски бензинец со 92 КС/148 Nm и 6-степен автоматски менувач. Системска моќност: 160 КС. CO2 емисија: 30-31 g/km.

Моторите во основата потекнуваат од Renault Clio / Captur, односно од моделите што се базирани врз платформата CMF-B, развиени заеднички во рамките на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi. Новиот ASX ќе се произведува во фабриката на Renault во Ваљадолид, во Шпанија.

Mitsubishi Space Star најпродаван, Corolla втора, Suzuki со 101 возило за три месеци

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari Daytona од 3.778 коцки Lego, со функционален менувач

По ланскиот победнички поход во класата, малечкиот СУВ-модел Suzuki Ignis Hybrid годинава освои награда за „Best Buy“ во изборот на британскиот магазин What Car за 2021 година. Откако мина темелни тестирања и оценувања од страна на уредничкиот тим на магазинот, Ignis беше прогласен за модел што нуди најдобра противвредност во класата на малечки СУВ-модели. Како и сите модели во понудата на јапонскиот прозиводител, во Suzuki Ignis работи благ хибриден погон, со стартер-генератор и мала батерија под совозачкото седиште. Со 1,2-литарскиот 1.2 Dualjet хибриден погон и со погон напред, Ignis освои награда од магазинот и во рамките на изборот за најштедливи автомобили, што WhatCar го води под името „True Mpg“. Малечкиот СУВ беше најштедливиот модел тестиран од тимот. Со тоа уште еднаш се покажа веродостојноста на прогласувањето на Suzuki Ignis за победник во „True Mpg“ во 2019 година и лани. Читателите на What Car? Практикуваат да се консултираат со тимот на магазинот околу изборот на автомобил, и во случај кога се бара нешто мало, достапно и со ниски трошоци за одржување, што е воедно и лесно за возење, Ignis се наоѓа високо на листата на препораки од британскиот тим. Дополнително постои и можност да се избере варијанта со автоматски погон на сите тркала Allgrip . Уедникот на What Car, Стив Хантингфорд, коментира околу изборот: „Доколку сакате седење на повисоко во автомобил со мали димензии што е погоден за низ град, по достапна цена, речиси и нема подобар избор од Ignis. Автомобилот убедува и откако ќе се излезе од градот, бидејќи тој е наштедливиот автомобил што сме го тестирале на споредни патишта и автопати, постигнувајќи соодветно 3,77 L/100 km и 5,29 L/100 km на нашите реални True MPG тестови

Неоткриените таленти на Suzuki Ignis сега доаѓаат до полн израз