за

Ferrari Daytona од 3.778 коцки Lego, со функционален менувач

Љубителите на суперавтомобилите знаат мошне делотворен начин да дојдат до својот автомобил од соништата. Решението обично доаѓа од специјалистот Lego.

Најновото врвно достигнување од Ferrari сега е достапно и во верзија на Lego. Данската компанија со коцки за сите пригоди нуди Ferrari Daytona SP3 од својата врвна серија производи Lego Technic. Од кит што се состои од близу 4.000 коцки, секако дека може да се очекува одушевувачка деталност.

Главната сензација на новиот модел на Lego Technic во размер 1:8 е во целосната функционалност на 8-степениот секвенцијален менувач, со рачки на воланот. Клиповите на моторот V12 исто така се подвижни, а вреден детал претставуваат и тркалата што се лакирани во сребрена боја.

Глетката кон внатрешноста ја отвораат вратите што се подигнуваат. Разузданото коњче на воланот, не е единствениот детал што укажува на големото внимание, што е посветено за внатрешноста да се преслика колку може поверодостојно.

Четвртиот модел во серијата LEGO Technic Ultimate Car Concept е висок 14 сантиметри, долг 59 сантиметри и широк 25 сантиметри, откако ќе се состават 3.778-те делови. Гордите сопственици можат да побараат и членство во клубот, како и бројни погодности и ексклузивни подароци. Околу подготовката на моделот е посебно испечатена книга, во само 5.000 примероци. Наменски за моделот е оформен и вебсајтот www.LEGO.com/Ferrari-Daytona-SP3.

LEGO Technic Ferrari Daytona SP3 од 1-ви јуни е достапен само во специјализираните продавници на Lego ширум светот, а од 1-ви август ќе биде дистрибуиран и во редовната продажна мрежа.

Цената е по малку специфична: 399,99 евра.

Ferrari Roma направен точно по мера, во јапонски стил

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рускиот автомобилски пазар во мај 84 проценти во минус

Новиот Mitsubishi ASX премиерно во септември, старт следната пролет